fbpx

ЕУ повика да се повлече тешкото вооружување на истокот на Украина

-

ЕУ денеска повика да се повлече тешкото вооружување од фронтот во Источна Украина, како што е предвидено со прекинот на огнот потпишан минатата недела, додека стигаат извештаи за жестоки борби во источниот град Дебаљцев.

– Уште еднаш потсетуваме дека сите страни строго треба да се придржуваат до минатонеделниот договор и без двоумење да се спроведат тие мерки – рече портпаролот на дипломатската служба на ЕУ, Кетрин Реј, во обраќање до медиумите.

Тоа значи прекинување на секоја операција и од денеска да почне повлекувањето на тешкото вооружување од линиите на фронтот, додаде таа, но на теренот ниту една од двете завојувани страни до пладне не почна да го повлекува своето тешко оружје.

Помошник-шефот на регионалната полиција, Илија Кива, кој се наоѓа во Дебаљцев, соопшти дека борбите кои во неделата се воделе околу градот, сега се преселени во самиот центар.

– Бунтовниците користат минофрлачки, ракетни фрлачи и огнено оружје. Има мртви и ранети, но немаме прецизни информации затоа што борбите се во тек – рече Кива.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...