fbpx

Ципрас го кандидираше Пaвлопулос за претседател

-

Премиерот Алексис Ципрас го предложи Прокопис Павлопулос, поранешен министер од Нова демократија, за кандидат за претседател на Грција. Павлопулос претставува изненадување бидејќи изминатиот период најгласно се слушаше името на актуелниот грчки еврокомесар, Димитрис Аврамопулос, како фаворит за претседател на државата. Грчкиот парламент утре попладне ќе треба да гласа за претседател, а со оглед на тоа што се работи за кандидат од редовите на Нова демократија, веројатно е дека ќе се изгласа без поголеми проблеми. Кандидатурата на Провопулос ја поддржуваат и коалициските партнери на СИРИЗА, Независни Грци.

Павлопулос се слушна како можен кандидат за претседател изминативе неколку дена. Павлопулос има долга политичка кариера, бил секретар на претседателот Михалис Стасинопулос во 1974 година, владин потпарол на коалициската влада Золота во периодот од 1989 до 1990 година, а во 1995 година почнал со работа како политички советник на претседателот Милтијадис Еверт. Од 1996 до денес постојано е дел од грчкото собрание како пратеник на Нова демократија. Во рамки на владата на Нова демократија беше министер за внатрешни работи од 2004 до 2009 година.

Ципрас изрази уверување дека Павлопулос е кандидат кој ќе успее да го обедини грчкиот народ, човек со силна национална свест и затоа ќе има одобрување и поддршка и од народот и од собранието. Забележа дека иако звучи разумен предлогот за претседател од редовите на левицата, како што предлагаше членството на СИРИЗА, сепак во овие моменти е потребен кандидат кој ќе има широка поддршка и прифатеност од народот и од парламентот.

И партијата Река предложи свој кандидат за претседател на Грција. Првиот човек на партијата, Ставрос Теодоракис, го предложи професорот по уставно право, Никос Аливизатос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...