fbpx

Кежаровски останува на слобода, Апелација ја отфрли жалбата на обвинителството

-

Отфрлајќи ја жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, Апелацискиот суд денеска ја потврдил одлуката на Основниот суд Скопје 1 за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски, што значи дека тој нема да се враќа во Истражниот затвор „Скопје“, каде што требаше да издржи уште три месеци од досудената казна, пишува „Фокус“.

„Донесена е одлука со која се потврдува првостепената одлука за условниот отпуст, а се отфрла жалбата на обвинителството“, рекол за „Фокус“ судијата во Апелацискиот суд, Сафет Кадриу.

Апелацискиот суд на почетокот на минатиот месец му ја намали првостепената пресуда на Кежаровски во случајот „Ликвидација“ и го осуди новинарот на две години затвор. Ова предизвика револт кај новинарите и кај новинарските здруженија, што доби интезитет откако Кежаровски беше експресно спроведен во затворот „Скопје“ за издржување на казната.

Кежаровски во моментот е на слобода откако по барање на директорот на затворот, минатиот месец, доби прекин на издржувањето на казната во рок од 30 дена, поради здравствени причини.

Новинарските здруженија повеќепати порачаа дека единствената праведна пресуда за Кежаровски е ослободителната бидејќи новинарот нема никаква вина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...