понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ТомиславКежаровски | 26 резултати

Апелација за два дена треба да одлучи дали Кежаровски останува на слобода

февруари 15, 2015

Апелацискиот суд во Скопје најдоцна до вторник треба да се изјасни дали новинарот Томислав Кежаровски ќе остане на условна слобода или ќе мора да се врати в затвор и да ги одлежи преостанати три месеци од затворската казна, пишува „Фокус“. Апелцискиот суд му ја намали заканата на Кежаровски од четири и пол години на две откако […]

Новинарските здруженија се шокирани од одлуката на Обвинителството за Кежаровски

јануари 30, 2015

По одлуката на Обвинителството да ја обжали одлуката на Основниот суд Скопје 1 за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски, реагираа од еснафските здруженија. Претседателката на Синдикатот на новинари, Тамара Чаусидис, вели дека е изненадена и шокирана од оваа одлука. – Го чекаат последниот ден и во петок реагираат, сакајќи да ги намалат или минимизираат […]

Обвинителството бара Кежаровски да се врати во затвор

јануари 30, 2015

Жалба на одлуката за условен отпуст за Томислав Кежаровски поднесе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. „Во законски предвидениот рок, надлежниот јавен обвинител ја разгледа одлуката за условен отпуст, донесена од Основниот суд Скопје 1. Сметајќи дека со одлуката погрешно е утврдена фактичката состојба во случајот и дека осуденото лице не ги исполнува […]

Новинарот Кежаровски избран за потпретседател на ЗНМ

јануари 27, 2015

Управниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на својата последна седница одржана вчера, едногласно го избра новинарот Томислав Кежаровски за потпретседател на ЗНМ. Тој претходно беше избран за член на Управниот одбор на ЗНМ, односно на последното Собрание на здружението кое се одржа во декември минатата година. Кежаровски во моментот се наоѓа на […]

„Глобал воисес“ повика на итно ослободување на заточените медиумски работници

јануари 26, 2015

Заедницата „Глобал воисес“ денеска издаде соопштение со кое го осудува затворањето на блогери, медиумски работници и интернет-активисти во целиот свет. Имињата на лицата кои се во затвор  – од Кина, преку Бахреин, до Македонија и до Мексико – беа прочитани на отворањето на годинашниот Самит на граѓанските медиуми на „Глобал воисес“, коj се одржа на […]

Новинари од регионот бараат слобода за Кежаровски

јануари 22, 2015

Новинари од регионот преку отворено писмо ги осудуваат постапките на македонските власти и изразуваат поддршка за новинарот Томислав Кежаровски. „Срамно и лицемерено е од македонските власти, кои себе си дадоа право да се огласат по повод трагичниот напад на редакцијата на сатиричниот француски весник „Шарли ебдо“, кој го обедини светот во борбата за право за […]

Кежаровски е пуштен, ама го држат на кратко условно јаже

јануари 22, 2015

Новинарот Томислав Кежаровски е на слобода. Како што ненадејно беше затворен, по објавувањето на пресудата на Апелацискиот суд за две години затвор, така новинарот експресно и ненадејно е пуштен со решение за едномесечен отпуст. Денеска судот објави дека го прифатил барањето за условен отпуст на Кежаровски. Редоследот на настаните и околностите го наметнуваат прашањето дали по […]

Чаусидис до Попоски: Најопасни се незнаењето и свесната глупост

јануари 21, 2015

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска изјави дека е нејасно зошто новинарите вчера протестираа за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски кога тој веќе бил пуштен на слобода од затворот „Скопје“. – Повеќето од нас не разбираат за што беше протестот бидејќи, знаеме, сите беа информирани дека лицето кое го споменавте е на слобода. Мислам […]

ВМРО – ДПМНЕ побара, судот веднаш го објасни затворот за Кежаровски

јануари 20, 2015

Одделот за извршување на санкции при Основниот суд Скопје 1, експресно одговори на апелот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ судот да ги објасни сите детали околу затворањето на новинарот Томислав Кежаровски. Судијата за извршување санкции денеска, преку соопштение , информира за деталите околу префрлањето на Кежаровски од домашен притвор во затворот „Скопје“ еден ден по објавувањето на пресудата на Апелацискиот […]

Протестот за Кежаровски е бунт против политиките на власта

јануари 20, 2015

Неколку стотини новинари, граѓани и студенти кои денеска излегоа на протест против пресудата за новинарот Томислав Кежаровски, својата огорченост и осуда ја искажаа пред Владата, местото каде, според нив, е скроена неправедната одлука за затворање, а потоа и за привремено ослободување на новинарот. Со маски со ликот на Кежаровски на своите лица, транспаренти и со […]

ЕК за Кежаровски: Владата да престане да ги игнорира проблемите

јануари 19, 2015

Европската комисија се огласи по затворањето на новинарот Томислав Кежаровски, нагласувајќи дека Европска Унија одблиску го следи судскиот случај со Кежаровски, но не коментира за индивиудални случаи. – Медиумската слобода е екстензивно покриена во извештајот за напредокот на поранешната југословенска република Македонија, истакнувајќи ги проблематичните области како владиното рекламирање, необјективното медиумски известување за време на избори, […]

ВМРО-ДПМНЕ бара судот да ја објасни одлуката за Кежаровски за да нема шпекулации

јануари 18, 2015

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ апелира до повисоките судски инстанци да ја проверат процедурата и да ја објаснат одлуката во случајот со новинарот Томислав Кежаровски за да се спречат шпекулациите и манипулациите со јавноста, соопштуваат од партијата. Оттаму велат дека ја осудуваат секоја политичка злоупотреба на судската одлука во врска со случајот „Ликвидација“, а посебно во однос на […]

Советот за етика во медиумите бара итно ослободување на Кежаровски

јануари 18, 2015

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ја осуди пресудата на Апелацискиот суд за новинарот Томислав Кежаровски и неговото експресно префрлање од домашен притвор во затворот „Скопје“. „Сметаме дека со ваквата одлука се испраќа порака за самоцензура до сите новинари во земјава. Етичките принципи на новинарството можат да се бранат и да се […]

Мијатовиќ: Затворањето на Кежаровски е порака за застрашувачка цензура во Македонија

јануари 17, 2015

Високиот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, на својот твитер-профил напиша дека затворањето на новинарот Томислав Кежаровски е опасен преседан за слободата на медиумите во Македонија, пренесува порталот „Локално.мк“. Таа вели дека „одлуката на скопскиот суд да се испрати новинарот Кежаровски во затвор испраќа порака за застрашувачка цензура“. Завчера Апелацискиот суд Скопје […]

„Јас сум Кежаровски“: Новинарите се солидаризираа со својот колега

јануари 16, 2015

Со транспаренти „Јас сум Кежаровски“, напишани на француски, како аналогија на манифестирањето солидарност по масакрот во „Шарли ебдо“, македонските новинари и новинарски задруженија денеска пред Апелацискиот суд го искажаа својот револт од пресудата на судот со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затвор во случајот „Ликвидација“. Новинарите се солидаризираа со својот колега […]

Реакции: Скандалозна и политичка е одлуката за казната на Кежаровски

јануари 15, 2015

„Скандалозна и политичка, а не судска одлука“ е ставот на новинарските здруженија и на новинарите по објавувањето на пресудата на Апелацискиот суд, со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна за случајот „Ликвидација“, во кој беше обвинет за откривање на идентитет на заштитен сведок. Утре, во 11 часот, пред Апелацискиот суд […]

Апелација пресуди две години затвор за новинарот Кежаровски

јануари 15, 2015

Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна од  Апелацискиот суд, чија одлука денеска била доставена од Основниот суд Скопје 1, соопштија од судот. Пресудата на Апелацискиот суд следува по жалбата на Кежаровски на провстепената пресуда, со која тој беше осуден на четири и пол годишна затворска казна во случајот „Ликвидација“, а беше […]

Демократски сојуз бара анкетна комисија за случајот на Томислав Кежаровски

јануари 15, 2015

Демократскиот сојуз денеска соопшти дека ќе иницира постапка за формирање анкетна комисија во Собранието за случајот со новинарот Томислав Кежаровски, кој со првостепена пресуда во октомври 20013 година е осуден на четири и полгодишна казна затвор во случајот „Ликвидација“ и сè уште ја очекува одлуката на Апелацискиот суд по жалбата на пресудата, пренесува порталот „Нова тв“. […]

Иницијативниот одбор за Кежаровски бара итно објавување на одлуката на Апелација

јануари 13, 2015

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски денеска, преку соопштение, го повика Апелацискиот суд Скопје до петок, 16 јануари, да ја соопшти одлуката по жалбата на новинарот на првостепената пресуда, со која е осуден на затворска казна. Оттаму потсетуваат дека судијата на Апелацискиот суд, Сафет Кадриу, минатиот месец потврди дека одлуката е донесена. „Ваквата […]

Апелација ја одложи одлуката за Кежаровски за по Нова година

декември 30, 2014

Неизвесноста околу одлуката на Апелациониот суд по жалбата на новинарот Томислав Кежаровски, кој со првостепена пресуда е осуден на затворска казна во случајот „Ликвидација“, нема да заврши пред Нова година, како што се очекуваше и какви што беа најавите од Апелација. Судијата на Апелациониот суд, Сафет Кадриу, за „Мета“ вели дека одлуката требало денеска да […]

Страна 1 од 2