fbpx

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија до септември

-

Европска Унија синоќа, на вонредната седница на шефовите на дипломатии на 28 земји-членки, одлучи да ги продолжи до септември санкциите кон Русија, соопшти високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

На гласањето за продолжување на санкциите, кои завршуваат во март годинава, му претходеше остра дебата меѓу повеќето земји-членки и малцинството предводено од Грција, кои се противеа на нивното продолжување.

САД го поздравија продолжувањето на санкциите со кои се опфатени 132 руски и украински функционери, на кои им се забранува патување во ЕИ, и 85 претпријатија и банки, на кои им е забранет пристап на европскиот пазар. Новите санкции следат поради влошувањето на ситуацијата во Источна Украина и одбивањето на Русија да ја почитува спогодбата од Минск.

– Постигнавме консензус – рече Могерини, додавајќи дека Европската комисија е задолжена да го подготви списокот со нови имиња за „црната листа“ на ЕУ, за што министрите повторно ќе заседаваат на почетокот од февруари.

Неколку земји, вклучувајќи ги балтичките земји и Полска, се залагаа за многу поширок пристап, кој вклучува пошироки санкции против руски стопанственици. Сепак, за ова не беше постигнат консензус.

Литванскиот министер за надворешни работи, Линус Антрас Линчевичијус, уште пред почетокот на состанокот изјави дека раководствата на самопрогласените републики Донецк и Луганск треба да се стават на листата на терористички организации, а Русија да се осуди за агресијата врз Украина.

Могерини најави дека шефовите на држави и на влади на ЕУ, кои во Брисел ќе се состанат на 12 февруари, повторно ќе ја разгледаат ситуацијата на теренот и воведувањето нови рестриктивни мерки кон Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...