fbpx
Таг: Државна изборна комисија

таг: Државна изборна комисија

Осум избирачки места од дијаспората ќе бидат затворени поради недоволно гласачи

Бидејќи бројот на македонските гласачи во Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин и Тел Авив е помал од 10 лица на секое избирачко место, а во согласност со Изборниот законик, во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии нема да се спроведе гласање на предвремените парламентарни избори на 11 декември, информираат од Државната изборна комисија. - Граѓаните што се пријавиле за...

На СОС-линијата граѓаните се жалат дека ДИК и МВР си играат пинг-понг со нивните пријави

Од денот на ставањето на избирачкиот список на јавен увид, граѓаните активно се јавуваат да укажат на проблеми со избирачкиот список на СОС-линијата за пријавување изборни нерегуларности (0800 88 888) овозможена од граѓанската акција „Ние одлучуваме“, информираат од граѓанската иницијатива. - Граѓаните што ни се јавија се пожалија дека откако ги пријавиле грешките во избирачкиот список во Државната изборна комисија, оттаму...

Либерална партија до ДИК: Судот ни прави проблем со уверенијата за неосудуваност

Либералната партија денеска наишла на проблем во судот со издавањето на потврдите за неосудуваност на нивните кандидати за пратеници, информираат од партијата. Оттаму велат дека при доставувањето на документите во Основниот суд Скопје 1, им било кажано дека судот веројатно нема да биде во можност да ги издаде потребните документи во следните седум дена. Во врска со ситуацијата, од ЛП се...

Во ДИК до денеска се пријавиле 8.258 граѓани од дијаспората за гласање на изборите

Преку веб-апликацијата на Државната комисија, до денеска, 7 ноември, до 14 часот, поднесени се вкупно 10.235 пријави од граѓани за гласање во странство. Од нив, 8.258 пријави се прифатени, 166 се одбиени, а другите се во обработка. ДИК соопшти дека најголем број пријави, повеќе од 1.000, досега се поднесени за гласање во Берн, Венеција и во Детроит. ДИК напоменува дека најголем дел...

Вкупно 11 граѓани од дијаспората до денеска се пријавиле за гласање на изборите

До денеска, заклучно до 14 часот, вкупно 11 македонски државјани што живеат во странство се пријавиле за гласање на изборите на 11 декември во дипломатско-конзуларните преставништва на земјава, преку апликацијата поставена на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), соопштија денеска од Комисијата. Од пријавите, како што информираат од ДИК, 10 биле прифатени, а една пријава е во фаза на обработка. „Државната изборна...

Македонските државјани во странство од денеска може да се пријавуваат за гласање

Пријавувањето за гласање на македонски државјани што живеат во странство може да почне денеска зашто Државната изборна комисија (ДИК) има подготвено посебна апликација, соопштија вчера од Комисијата. Пријавувањето на овие граѓани ќе трае до 11 ноември. Државната изборна комисија на вчерашната седница го усвои роковникот за извршување на изборните дејства, откако ја доби одлуката за распишување предвремени парламентарни избори на...

Најчевска ќе ги тужи членовите на ДИК затоа што ја избришале од избирачкиот список

Професорката Мирјана Најчевска ќе ги тужи членовите на Државната изборна комисија за повреда на избирачко право. Професорката на својот блог „Квадратура на кругот“ напиша дека кривичната пријава ја поднесува затоа што членовите на ДИК ја злоупотребиле својата положба и противуставно и противзаконски ја избришале од избирачкиот список на Република Македонија. „Чичаковски и другите го злоискористиле постапувањето по членот 196-б од Изборниот...

ДИК: Вкупно 1.770.736 гласачи со право на глас за изборите во декември

Вкупно 1.770.736 граѓани имаат право на глас на вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември оваа година, соопштија од Државната изборна комисија. За разлика од претходните парламентарни избори што се одржаа во 2014 година,  оваа година има 9.392 гласачи помалку. Намалување на бројот на гласачи има во првата и во втората изборна единица, односно речиси 8.000 гласачи помалку има...

Во ДИК до денеска се пријавиле 5.022 спорни гласачи

Вкупно 5.022 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни, до денеска напладне се пријавиле во Државната изборни комисија (ДИК), соопштија оттаму. Од нив, 2.236 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.786 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Државната изборна комисија. Најмногу...

Во ДИК до денеска се пријавиле 2.571 граѓани со спорни записи

До денеска напладне вкупно 2.571 граѓани, чии записи во избирачкиот список се спорни, се пријавиле во Државната изборка комисија (ДИК), соопштуваат оттаму. Од нив, 1.003 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во доплнителните канцеларии на ДИК, додека 1.568 граѓани за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК. Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се...

2.137 граѓани со спорни записи до денеска се пријавиле во ДИК

Вкупно 2.137 граѓани чиишто записи во избирачкиот список се спорни се пријавиле до Државната изборна комисија(ДИК), информираат оттаму. 817 лица се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.320 граѓани за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК. Најмногу граѓани се пријавиле во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кичево.

1.560 граѓани со спорни записи се пријавиле во ДИК

Вкупно 1.560 граѓани чиишто записи во избирачкиот список се спорни се пријавиле до Државната изборна комисија(ДИК), информираат од ДИК. 522 лица се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.038 граѓани за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК. Најмногу граѓани се пријавиле во општините Чаир, Тетово, Аеродром и Кичево.  

Чичаковски: Од 226.000 спорни гласачи, за 71.000 нема никаква евиденција

Од 226.000 спорни гласачи во избирачкиот список, за 71.000 гласачи нема никаква евиденција, изјавил денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, по состанокот на работната група за избирачки список, пренесува „Утрински весник“. Според Чичаковски, допрва ќе се преговара што ќе биде со овие 71.000 гласачи за кои вкрстената проверка покажала дека не се наоѓаат во ниту една база...

ДИК ги запре сите изборни активности

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги запре сите натамошни активности поврзани со изборите кои беа закажани за 5 јуни. Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски рече дека треба да се запрат сите натамошни дејствија на општинските изборни комисии и тие да се задолжат да достават до ДИК извештај за работа и финансиски извештај за периодот од нивниот избор до...

Управниот суд го поништи решението на ДЗЛП за е-пристапот до избирачкиот список

Управниот суд на 5 мај донел одлука со која ја уважил тужбата на Државната изборна комисија (ДИК) против привременото решение на Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), со која ѝ се забранува на ДИК да обезбедува електронски пристап до избирачкиот список на интернет-страницата izbirackispisok.gov.mk. Истовремено, со уважувањето на тужбата на ДИК, Управниот суд го поништил привременото решение на...

МВР: Чавков го доставил избирачкиот список до ДИК без потпис на Спасовски

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, вчера до Државната изборна комисија (ДИК) испратил допис за доставување на криптирано цеде со избирачки список за потребите на комисијата, но без потпис на министерот Оливер Спасовски, соопшти попладнево МВР. Со ова, како што стои во соопштението, бил прекршен ставот 3 од членот 46 од законот за измена на Законот за влада, според кои...

ДИК денеска расправа за гласачите од Пустец

Државната изборна комисија денеска има седница на која членовите ќе разговараат за жителите од Пустец кои имаат право на гласправо на глас во Македонија. Како што пишува во соопштението на ДИК, за прва точка на дневен ред на денешната седница стои: „Расправа по предлогот да се обратиме до Министерството за внатрешни работи да ни достават список на лица, државјани на...

Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прекршуваат Договорот од Пржино

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами составиле тимови што треба да ги внесат податоците од теренската проверка на избирачкиот список во специјална електронска евиденција за потребите на Државната изборна комисија, обвини денеска Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација. - Министерката Арсовска-Томовска и државниот секретар Јахи Јахија, на своја рака и без да ја запазат процедурата на врзан потпис, испратиле...

ДИК: Теренските проверки се во завршна фаза

Теренските проверки на сомнителните гласачи во сите подрачани одделенија на Државната изборна комисија (ДИК) се во завршна фаза, соопштија вечерва од ДИК. Оттаму додаваат дека во моментов Комисијата е фокусирана на внесување и обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација. „Државната изборна комисија информира дека теренските проверки на Избирачкиот список се спроведуваат во согласност со определената...

ДИК ќе ја послуша ДЗЛП, ама ќе ги обжали решенијата пред Управен суд

Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница донесе одлука да постапи по двете решенија на Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), односно да го повлече од својата интернет-страница списокот со спорни 89.000 гласачи за теренска проверка, како и избирачкиот списокот со вкупниот број на гласачи. Истовремено, како што пренесува „Телма“, членовите на ДИК одлучиле до Управниот суд да поднесат...