fbpx

На СОС-линијата граѓаните се жалат дека ДИК и МВР си играат пинг-понг со нивните пријави

-

Од денот на ставањето на избирачкиот список на јавен увид, граѓаните активно се јавуваат да укажат на проблеми со избирачкиот список на СОС-линијата за пријавување изборни нерегуларности (0800 88 888) овозможена од граѓанската акција „Ние одлучуваме“, информираат од граѓанската иницијатива.

– Граѓаните што ни се јавија се пожалија дека откако ги пријавиле грешките во избирачкиот список во Државната изборна комисија, оттаму ги пренасочиле да се обратат во Министерството за внатрешни работи. Притоа, од МВР им побарале имотни листови за нивните живеалишта, купопродажни договори, принт-скринови од избирачкиот список и други документи, кои во согласност со законот граѓаните не се должни да ги обезбедуваат во овој случај – изјави Сибел Амет од граѓанската акција „Ние одлучуваме“, која е задолжена за обврските од СОС-телефонската линија.

Таа додаде дека граѓаните се обесхрабрени да ги пријавуваат неправилностите во ДИК поради тоа што целата постапка паѓа на товар на граѓаните. Според законот, вели Амет, во став 2 од членот 50 на Изборниот законик, барањата за запишување, бришење или дополнување на списокот се доставуваат писмено до ДИК.

– Со оглед на тоа дека ДИК има пристап до базите на податоци на државните органи и во согласност со правилникот за методологија за вршење промени на податоци во избирачкиот список, комисијата недвосмислено е надлежна за барањата за ажурирање на списокот на избирачи. Апелираме до ДИК да го ажурира списокот до предвидениот рок за негово заклучување бидејќи оваа ситуација влијае на довербата на граѓаните во институциите кои се задолжени да овозможат фер и демократски избори – апелираше Амет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...