fbpx

МВР: Чавков го доставил избирачкиот список до ДИК без потпис на Спасовски

-

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, вчера до Државната изборна комисија (ДИК) испратил допис за доставување на криптирано цеде со избирачки список за потребите на комисијата, но без потпис на министерот Оливер Спасовски, соопшти попладнево МВР.

Со ова, како што стои во соопштението, бил прекршен ставот 3 од членот 46 од законот за измена на Законот за влада, според кои документите имаат правно дејство само доколку се потпишани и од министерот и од дополнителниот заменик-министер.

„Избирачкиот список е документ кој го донесува министерот, а се однесува на правните, финансиските и на кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите. Со ова не само што се прекршуваат законските одредби и Договорот од Пржино, туку и се доведува во заблуда целата македонска јавност дека избирачкиот список е прочистен. За таа цел Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја информира јавноста дека проверките на избирачкиот список сè уште не се завршени. Неспорно е дека за доставување на веродостоен и валиден, прочистен избирачки список е потребно дополнително време. Непотребното инсистирање да се достави избирачки список до Државната изборна комисија, со некомплетни податоци, неизвршени проверки и неспроведени управни постапки, е на штета на спроведување на фер и демократски избори со веродостоен и прочистен избирачки список“, стои во соопштението на МВР.

Во врска со поништувањето на правилниците и на решенијата на Спасовски, во соопштението се додава дека одлуките на Владата се целосно спротивни на законот, односно таа не може да поништува решенија за распоредување, разрешување и за именување работници во МВР бидејќи станува збор за поединечни акти, а не за прописи.

„Во контекст на ова, министерот Оливер Спасовски ги повика сите вработени да ги почитуваат законските одредби за хиерархиската поставеност и одговорност, која е нужна за непречено функционирање и остварување на надлежностите на Министерството за внатрешни работи“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...