fbpx
Таг: Државна изборна комисија

таг: Државна изборна комисија

Тодоров: Имаме докази дека одлуката на ДИК за приговорот на Беса е незаконска

Шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна едница, Никола Тодоров, попладнево на прес-конференција ја образложи тужбата што партијата ја поднесе до Управниот суд во врска со приговорот на Беса и посoчи дека имаат докази кои покажуваат дека одлуката на Државната изборна комисија (ДИК), која го прифати приговорот, е незаконска и е „невиден преседан“. Според...

Кој го раководи и што е Управниот суд, кој ќе пресече за резултатот од изборите

Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера, пред истекот на рокот (ноќеска, на полноќ), соопштија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд за дел од одлучките на Државната изборна комисија по приговорите околу текот на гласањето на изборите на 11 декември. Управниот суд, пак, сега, според членот 150 од Изборниот законик, откако ќе ги прими тужбите, има рок од 48 часа...

Истече рокот за поднесување тужби на партиите до Управниот суд

Ноќеска на полноќ истече рокот за поднесување тужби од политичките партии до Управниот суд во врска со одлуките на Државната изборна комисија за приговорите за текот на гласањето на изборите на 11 декември. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на жрепка, во рок од 48 часа, на јавна седница треба да одлучат како ќе...

ДИК отфрли уште еден приговор на СДСМ, а за последниот ќе одлучува утре

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва едногласно го отфрли приговорот на СДСМ кој се однесуваше на постапката за утврдување на резултатите од гласањето на избирачкото место 2016, a последниот приговор на СДСМ, како што соопшти претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, ќе биде разгледуван утре, на седница закажана за 11 часот. - Ви соопштувам дека ДИК вечерва ќе работи на изготвување на...

Тодоров: ДИК испраќа невини луѓе во затвор заради политичките амбиции на СДСМ

„Со незаконската одлука за графолошко вештачење не само што Државната изборна комисија (ДИК) активно се вклучи во фалсификување на волјата на народот, туку испраќа во затвор невини луѓе само за да ги задоволи политичките амбиции на СДСМ“, изјави денеска на прес-конференција носителот на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, Никола Тодоров. - Со одлуката да се врши графолошко...

И Обвинителството го истражува потписот на гласачката од Гостивар

Гостиварското Основно јавно обвинителство отворило предмет во врска со случајот на Фатиме Сулејмани, односно за тоа дали некој друг гласал во нејзино име на избирачкото место 0396/1 во Гостивар, за што вчера расправаше и Државната изборна комисија по приговор од партијата Беса. Како што соопшти попладнево Јавното обвинителство, предметот е отворен по допрен глас, а врз основа на наводите изнесени на...

Седницата на ДИК го одложи рочиштето против Заев во кумановскиот суд

Во Основниот суд Куманово денеска се одложи рочиштето од судскиот процес што се води против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на општинската организација на партијата, Мартин Костовски, и против СДСМ како партија, а по приватна тужба од генералниот секретар на ГРОМ, Виктор Цветковски, поради дел од објавените прислушувани разговори, пишува порталот „Кумановски муабети“. Рочиштето е одложено бидејќи во судот...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да врши притисок и да ги прејудицира одлуките на ДИК

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема да врши никаков притисок врз Државната изборна комисија (ДИК) и ќе остави да се испочитуваат процедурите и комисијата да ја заврши работата во согласност со законите, се вели во соопштението на опозициската партија. Од СДСМ апелираат ВМРО-ДПМНЕ да престане со „злоупотреби на локалната и на државната администрација, со носење на протести и на контрапротести...

ДИК денеска ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи јавната седница на која Комисијата ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември. „Државната изборна комисија ве известува дека во големата сала на ДИК (централа во Скопје, 4 кат), ќе се...

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да не влегува во сценарија за постизборен инженеринг

„ВМРО-ДПМНЕ внимателно и одблиску, со крајна сериозност и загриженост ја следи работата на Државната изборна комисија и најновото одложување на одлучувањето по апсурдните приговори од страна на СДСМ и на Беса“, се вели во соопштението од партијата, чиј извршен комитет денеска одржал седница на која било разговарано за „актуелната политичка состојба и постојаното одолговлекување на официјализирањето на изборните резултати“. Од...

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола излегоа на улиците да ја чекаат одлуката на ДИК

Стотици членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ од Битола попладнево околу 16 часот се собраа пред зградата на општинскиот комитет на партијата, во центарот на градот, поради, како што велат, нивниот гнев од непризнавањето на изборните резултати од страна на опозицијата. Портпаролката на битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Марковска, вели дека членството и симпатизерите на партијата се собрале спонтано во исчекување...

ДИК утре ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

Државната изборна комисија (ДИК) за утре ја закажа седницата на која треба да расправа и да одлучува по приговорите од партиите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Во ДИК сè уште го немаат утврдено времето кога ќе се одржи седницата и велат дека за тоа дополнително ќе информираат. „Државната изборна комисија известува дека седницата...

Заев: Груевски не смее да формира влада

Режимот на Никола Груевски не смее да формира влада, истакна попладнево на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и ги повика партиите чии кандидати добиле пратенички манданти да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ за нова влада. - Поразивме режим со пенкало и со глас. Режимот не смее да формира влада. Ги повикувам сите партии што добија мандат од граѓаните, освен ВМРО-ДПМНЕ, да...

СДСМ: Првичните резултати на ДИК покажаа дека режимот на Груевски е поразен

Првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека режимот на Никола Груевски е поразен, дека граѓаните покажаа дека сакаат живот во Македонија и избраа промени, се вели во реакцијата на СДСМ на првичните резултати од изборите и од симулацијата на пратенички мандати што синоќа ги објави ДИК. Од најголемата опозициска партија, која според ДИК освои 49 пратенички места...

Ѓорчев ѝ порача на ДИК да не помислува да ја фалсификува волјата на граѓаните

Крајно време е Државната изборна комисија (ДИК) да ги објави конечните резултати од парламентарните избори и крајно време е, по цела ноќ и цел ден, ДИК да ги објави мандатите, изјави попладнево на прес-конференција носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Влатко Ѓорчев. - Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ е победник. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има кристална јасна...

Одзивот се ближи до рекордот, граѓаните ги послушаа апелите за масовна излезност

До 17 часот на гласање излегле 60,38 проценти од гласачите на ниво на државата, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски. – Во изборна единица 1 излегле 66,38 проценти од гласачите, во ИЕ 2 – 59,89 проценти, во ИЕ 3 – 64,90 проценти, во ИЕ 4 – 67,15 проценти, во ИЕ 5 – 58,46 проценти, а во ИЕ 6...

Повеќе од 600 затвореници не можеле да го остварат своето право на глас

Повеќе од 600 затвореници, односно 30 проценти од вкупниот број, не можеле да го остварат своето право на глас бидејќи немале важечки биометриски документи, јавува телевизија „Телма“. Проблемот настанал при организација на продолжување на рокот на важност на личните карти, при што институциите вината си ја префрлале едни на други. Увид во ситуацијата направиле и претставници на Државната изборна комисија и на...

„Цивил“: Продолжуваат притисоците врз гласачите, пријавени повеќе од 170 случаи

Во периодот од 5 до 8 декември, граѓанската организација „Цивил“ примила повеќе од 600 повици од граѓани кои биле загрижени за тоа дали ќе имаат можност да го искористат своето право на глас на предвремените парламентарни избори в недела на 11 декември, информираат оттаму. „Цивил“ денеска во 13 часот ќе одржи прес-конференција пред Државната изборна комисија, по која, нивни претставници ќе им...

ДИК ќе го утврдува обликот на печатите на избирачките одбори

Државната изборна комисија попладневно закажа седница на која треба да ја разгледа и да ја усвои предлог-одлуката за утврдување на обликот на печатите на избирачките одбори во Република Македонија и на избирачките одбори во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, како и на избирачкиот одбор во Државната изборна комисија. ДИК соопшти дека на дневен ред на седницата закажана за...

ДИК ќе замени 3.480 печати на изборните комисии со нови

Државната изборна комисија ќе ги замени сите постоечки печати на изборните комисии со нови. Станува збор за 3.480 печати кои ќе бидат заменети сo нови, а одлуката на ДИK доаѓа откако беше констатирано дека недостигаат 47 печати од Oпштината Бутел oд претходниот изборен циклус. На седницата на која беше донесена ваквата одлука, дел од членовите на ДИК оценија дека исчезнатите...

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...