Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола излегоа на улиците да ја чекаат одлуката на ДИК

-

Стотици членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ од Битола попладнево околу 16 часот се собраа пред зградата на општинскиот комитет на партијата, во центарот на градот, поради, како што велат, нивниот гнев од непризнавањето на изборните резултати од страна на опозицијата.

Портпаролката на битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Марковска, вели дека членството и симпатизерите на партијата се собрале спонтано во исчекување на одлуката на Државната изборна комисија за приговорите за текот на гласањето на изборите, што се одржаа во неделата. Дел од присутните, пак, велат дека биле повикани преку СМС-пораки.

Марковска, преку прес-конференција се обрати до СДСМ и побара од опозициската партија наместо да се заканува со жалби, пребројување на гласовите и со прегласување, да ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пред Државната изборна комисија да ги соопшти првичните изборни резултати никој од вас воопшто не спомнуваше изборни нерегуларности или изборни инциденти. Бројот на освоени мандати – 49 ве натера да почнете очајно да се заканувате со жалби, пребројување, прегласување. Наместо лажни прослави и помпезни изјави, време е СДСМ да собере храброст и достоинство и да ни го честита остварениот изборен резултат – рече Марковска.

Инаку, Државната изборна комисија за утре ја закажа седницата на која треба да расправа и да одлучува по приговорите од партиите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

До Државната изборна комисија поднесени се вкупно 16 приговори, по осум од СДСМ и од Беса.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...