fbpx

Одзивот се ближи до рекордот, граѓаните ги послушаа апелите за масовна излезност

-

До 17 часот на гласање излегле 60,38 проценти од гласачите на ниво на државата, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски.

– Во изборна единица 1 излегле 66,38 проценти од гласачите, во ИЕ 2 – 59,89 проценти, во ИЕ 3 – 64,90 проценти, во ИЕ 4 – 67,15 проценти, во ИЕ 5 – 58,46 проценти, а во ИЕ 6 – 46,82 проценти – изјави Чичаковски.

Според овие бројки, одзивот на гласачите е голем, односно, на два часа пред затворањето на гласачките места речиси е постигнат процентот на вкупната излезност од претходните избори. Ако продолжи овој тренд, уште сега може да се каже дека одзивот се ближи до рекордот во последните изборни циклуси и дека апелите за масовна излезност дадоа резултат.

На масовно гласање во текот на кампањата повикуваа и лидерите на политичките парии и меѓународната заедница.

На последните предвремени парламентарни избори во 2014 година до 17 часот имаше 53,24 отсто излезност што е за 7,14 отсто помалку од оваа година. Тогаш вкупниот процент на излезени гласачи беше 54,38.

Во 2014 година во вториот круг на претседателските избори до 17 часот излегле 45,68 отсто.

Во 2011 година до 17 часот на гласање излегле 53,86 отсто од запишаните гласачи, а во 2008 година тој процент изнесувал 45,90 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...