ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да не влегува во сценарија за постизборен инженеринг

-

„ВМРО-ДПМНЕ внимателно и одблиску, со крајна сериозност и загриженост ја следи работата на Државната изборна комисија и најновото одложување на одлучувањето по апсурдните приговори од страна на СДСМ и на Беса“, се вели во соопштението од партијата, чиј извршен комитет денеска одржал седница на која било разговарано за „актуелната политичка состојба и постојаното одолговлекување на официјализирањето на изборните резултати“.

Од партијата апелираат ДИК „да не подлегнува на никакви притисоци и да не влегува во сценарија за постизборен инженеринг“ со кои би се оспориле гласовите на 455.000 граѓани со кои ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник во Собранието.

„Државната изборна комисија има една единствена обврска, а тоа е да ја верификува волјата и одлуката на мнозинството граѓани. Државната изборна комисија не смее да подлегнува на притисоците од страна на сценаристите кои сакаат да спроведат постизборен инженеринг“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека е очигледен договорот меѓу СДСМ и Беса за извртување, поништување и за фалсификување на резултатите од изборите.

„Повеќе од очигледен е договорот меѓу СДСМ и Беса за извртување, поништување и фалсификување на волјата на мнозинството од македонскиот народ, нешто што кореспондира со вчерашната прес-конференција на Зоран Заев и нешто што очигледно не е само негова одлука. Сосема е јасно дека приговорите се целосно неосновани и дека се пуштени за избирачки места на кои немало никакви забелешки во записниците и места на кои немало никакви нерегуларности. Единствениот критериум по кој се одбирале местата за кои се упатени забелешките е математиката во постизборниот инженеринг, која кажува дека со дополнителна трговија со гласови, би можела да биде заобиколена волјата на мнозинството“, се вели во соопштението, во кое се додава дека станува збор за незаконски постапки за кои кривично се одговара и дека правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ внимателно и одблиску ја следи ситуацијата.

Инаку, Државната изборна комисија (ДИК) за утре ја закажа седницата на која треба да расправа и да одлучува по приговорите од партиите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

До ДИК поднесени се вкупно 16 приговори, по осум од СДСМ и од Беса.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...