Српскиот народен правобранител го обвини премиерот Вучиќ за поттикнување омраза

-

Српскиот народен правобранител Саша Јанковиќ денеска го обвини премиерот Александар Вучиќ за „поттикнување омраза и нетрпеливост“ поради вчерашната изјава на премиерот во која тој за омбудсманот и за уште неколку луѓе рече дека се „априори против државата и својот народ“.

Во отвореното писмо на Јанковиќ до Вучиќ, народниот правобранител наведува дека Србија „заслужува повеќе и подобро од ваквиот начин на извршување на власта“.

Јанковиќ во писмото посочува дека речникот на Вучиќ е знак за тоталитарно, а не за демократско уредување, додавајќи дека премиерот е должен да води сметка дека за ниту еден граѓанин на Србија нема право каже такво нешто.

„Никој нема такво право, а Вие последен. Јас или некој од друг од наведените, и да сум ги менувал во минатото своите ставови за 180 степени, и да сум ги пребројувал граѓаните по етничка основа, и да сум добивал станови од државата додека таа беше бомбардирана, и да сум бил министер за информирање додека сопственици на весници беа убивани или денес да газам и да ја преземам надлежноста над сите државни органи и институции, како што е случајот со Вас (Александар Вучиќ, н.з.), не смеете да кажете дека сме противници на државата и на народот“, вели во писмото Јанковиќ.

Инаку, Јанковиќ се споменува како можен кандидат за претседател на Србија на изборите кои треба да се одржат следната година.

Кон крајот на ноември, 100 јавни личности во Србија, меѓу кои истакнати книжевници, новинари, глумци и професори, се потпишаа на апелот со кој од Јанковиќ бараат да се кандидира на претседателските избори како независен кандидат.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...