петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Беса | 148 резултати

Ревизорите бараат конкретни правила наместо интерни акти за партиските членарини

11 мај 2020

Државните ревизори бараат да се изедначат правилата при уплатата на членарината кај политичките партии бидејќи начинот на уплата сега е регулиран со интерни акти кои се разликуваат кај одделните партии. Ова е препораката на ревизорите од Државниот завод за ревизија во извештаите објавени по контролата на сметките за редовно работење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,  ДУИ и […]

БЕСА е за преговори за трипартитна коалиција, Алтернатива само со Алијанса за Албанците

8 јануари 2020

Информациите дека е постигнат предизборен договор за коалиција за изборите на 12 април меѓу Алијансата за Албанците, Движењето БЕСА и Алтернатива, се невистинити. За Движењето БЕСА е прифатлива трипартитна коалиција, додека за Алтернатива тоа е неприфатливо, односно тие ја оставаат отворена можноста за коалиција само со Зијадин Села, информира „Порталб.мк“. Зеќирија Ибрахими, од партијата „Алтернатива“, […]

Опозиција: Сакаме Македонија да добие датум за преговори, но таа тоа не го заслужува

1 октомври 2019

Опозициските партии Алијансата за Албанците, Движењето Беса и ВМРО-ДПМНЕ сите се согласуваат дека Македонија, иако сака да добиe датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, не го заслужува тоа. Тие велат дека иако сегашната влада не успеала да ги исполни своите обврски, граѓаните не треба да трпат последици од лошото управување, пишува „Портал.мк“. […]

Река: Резултатот на изборите ги надмина нашите очекувања

22 април 2019

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и БЕСА, Блерим Река, кој отпадна од претседателската трка, ги оцени изборите како фер, слободни и демократски, а нагласи дека нема доволна излезеност поради неажурираниот избирачки список, кој брои околу 1,8 милиони гласачи, но, како што рече Река, од земјава се иселени повеќе од 250.000 лица и реалниот број […]

Анкета на ИПДВ: Албанската опозиција ѝ дише во врат на ДУИ

21 февруари 2019

Доколку заедно со претседателските избори би се одржале и парламентарни избори, ДУИ меѓу етничките Албанци би имала највисок рејтинг од 18,8 отсто, покажува анкетата на Институтот за истражување на политики и добро владеење (ИПДВ). Потоа следува Алијансата за Албанците за која би се одлучиле 14,2 проценти од анектираните. БЕСА на Африм Гаши (сега под името Алтернатива) […]

Нема договор, само желба за заеднички претседателски кандидат на Села и Касами

1 февруари 2019

Алијансата за Албанците (АА)на Зијадин Села и крилото на Беса предводено од Биљал Касами не разговарале можноста на претседателските избори да настапат со свој кандидат, иако во двете партии има желба за такво нешто, јавува „Порталб“. – За ова прашање не е разговарано со движењето Беса.  Факт е дека има заедничка желба тоа да се […]

Постигнат е договор со БЕСА на Касами за уставните измени

11 јануари 2019

Постигнат е договор со крилото на БЕСА на Биљал Касами да се гласа за измените на уставот, изјави на прес-конференција попладнево портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов. Тој не прецизираше што е договoрено, но истакна оти тоа ќе биде објаснето преку партиски соопштенија. Рече дека продолжението на седницата на која ќе се гласа за уставните измени […]

БЕСА на Африм Гаши: Ние ќе гласаме за уставните измени

11 јануари 2019

Тројцата пратеници од БЕСА кои припаѓаат на делот што за претседател го признава Африм Гаши, а не Биљал Касами, ќе гласаат за уставните измени. Како што соопшти Гаши, тие се цврсто решени за евроинтеграциите и ќе ги поддржат измените на Уставот заради исполнување на обврските од Преспанскиот договор. Тоа е од висок интерес за Албанците, […]

За утре одложена седницата за уставни измени, неизвесно двотретинското мнозинство

10 јануари 2019

Претседателот на Собранието Талат Џафери, по двете одложувања денеска, продолжението на седницата на која треба да се расправа за финалната фаза од уставните измени предвидени со Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција го закажа за утре во 12 часот. Во меѓувреме премиерот Зоран Заев ќе продолжи со координативните состаноци со БЕСА на Биљаљ Касами […]

Власта незаинтересирана да ги прифати измените на законот за казина

9 јануари 2019

Опозициските партии најавуваат амандмани на нацрт-законот за игрите на среќа, Министерството за финансии не е заинтересирано да ја информира јавноста за текот на законот, додека Движењето за борба против коцкање ги потсетува пратениците да прифатат нивните барања истакнати за време на протестот од 21 декември минатата година во Тетово, кој освен од граѓаните беше масовно […]

Заев ќе го убедува Касами да ги поддржи уставните измени

4 јануари 2019

Премиерот Зоран Заев денеска ќе одржи средба со претседателот на БЕСА, Билал Касами, на која ќе се обиде да го убеди да ги поддржи уставните измени. Средбата е закажана за во 16 часот во Владата. Заев е оптимист дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство и дека процесот на имплементацијата на Преспанскиот договор ќе заврши успешно, но […]

Партиите бараат во пописот да се вклучи етничката припадност

22 ноември 2018

Предлогот на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во пописот од 2020 година да нема изјаснување за верската и етничката припадност на населението предизвика негативни реакции, главно кај албанските партии, со оглед на тоа дека Република Македонија е мултиетничката држава, но и непостоење на регистрација, известува „Порталб.мк“. ДУИ: Формиравме партиска комисија со луѓе […]

Беса ќе поднесе четири амандмани за Уставот, очекува Владата да ги прифати

24 октомври 2018

Пратеникот Фадил Зендели од Беса изјави дека тие ќе поднесат четири амандмани за Уставот – концепт на граѓанска држава, албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик, државата да се грижи за сите нејзини граѓани во дијаспората, како и тоа претседателот на државата по второто гласање на закон или друг акт во Собранието да нема […]

Алијанса за Албанците и БЕСА на Касами ќе поднесат амандмани за Албанците

22 октомври 2018

Алијанса за Албанците (АА) и крилото на БЕСА предводено од Биљал Касами ќе поднесат амандмани за албанскиот јазик и за преамбулата, во текот на расправата за уставните измени кои се прават поради исполнување на обврските од Преспанскиот договор, јави „Порталб“. ДУИ, крилото на БЕСА предводено од Африм Гаши, НДП и ДПА сметаат дека сега не […]

Двете крила за БЕСА не го поддржуваат Заев за амнестирањето

15 октомври 2018

Двете крила на БЕСА, тоа на Биљал Касами и тоа на Африм Гаши сметаат дека е неприфатлива понудата на премиерот Зоран Заев да се „амнестираат“ обвинетите за насилствата на 27 април 2017 во Собранието. Според групата предводена од Африм Гаши, политичарите не смее да се мешаат во работата на правосудството, а помирување е можно само […]

Не работевме против референдумот, го демантираат Коѕиас двете крила на БЕСА

4 октомври 2018

И двете крила на движењето Беса реагираа на изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас дека движењето БЕСА водело кампања против референдумот, порачувајќи дека тоа не е точно, јави „Порталб“. – Помалите албански партии, како партијата БЕСА, за која турскиот печат вели дека е финансирана од Турција, повика на бојкот на референдумот. Нашите […]

Нова средба на лидерите на четирите најголеми партии

23 јули 2018

Лидерите на четирите најголеми партии, владејачките СДСМ и ДУИ и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и крилото на Беса на Билал Касами денеска повторно седнаа во Клубот на пратениците во Скопје. Тие ќе се обидат да постигнат договор за претстојниот референдум за промената на името, односно за датумот на неговото одржување, формата на референдумското прашање и изборот на Државната изборна […]

Апелација донела одлука во корист на Беса на Африм Гаши

8 јуни 2018

Апелациониот суд донел одлука во корист на крилото на Беса предводено од Африм Гаши, од каде што велат дека правдата, конечно, се вратила и дека се потврдило дека Движењето Беса им припаѓа на своите основачи. – Апелациониот суд донесе одлука елаборирана на пет страници за поништување на првостепената судска одлука и предметот да се врати […]

Заев го достави списокот со имињата за владината реконструкција до Собранието

23 мај 2018

Собранието вчера доцна попладне го прими предлогот за нови министри и заменици министри во Владата. Се очекува, седницата за реконструкција на Владата да се одржи во текот на следната недела. Во предлогот за владината реконструкција се наведени имињата на кандидатите за министри и заменик-министри од редовите на новите коалициски партнери – Беса на Африм Гаши […]

Касами бара Гаши да го врати пратеничкиот мандат

22 мај 2018

Билал Касами, претседател на тетовското крило на Беса, вчера од Струга му порача на Африм Гаши, претседател на скопското крило на Беса да формира нова партија доколку има барем малку достоинство. – Пратеникот Африм Гаши ако има минимално достоинство треба да го врати мандатот, да формира свој политички субјект, да се натпреварува на изборите и […]

Страна 1 од 8