fbpx

Не работевме против референдумот, го демантираат Коѕиас двете крила на БЕСА

-

И двете крила на движењето Беса реагираа на изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас дека движењето БЕСА водело кампања против референдумот, порачувајќи дека тоа не е точно, јави „Порталб“.

– Помалите албански партии, како партијата БЕСА, за која турскиот печат вели дека е финансирана од Турција, повика на бојкот на референдумот. Нашите граѓани треба да се запрашаат дали тоа е поврзан со црни сценарија од Турција – рече Коѕиас во интервјуто за грчката државна телевизија ЕРТ.

– Во овој момент нема да се спуштиме на тоа ниво на комуникација со првиот човек на грчката дипломатија. Бројот на Албанците што излегоа на референдумот е точно или приближно колку на парламентарните избори, па сметаме дека Коѕиас е дезинформиран во врска со движењето БЕСА и неговата вистинска вклученост во референдумската кампања – вели за „Порталб“ Елмедин Мемиши, портпарол на крилото на БЕСА предводено од Биљал Касами.

Другото крило, предводено од Африм Гаши, исто така реагира на изјавата на Коѕиас, посочувајќи дека ги вклучиле сите капацитети во поддршка на референдумот. Дополнително, ќе испратат и протестна нота до грчката Канцеларија за врски во Скопје.

– Покрај тоа што е ова недостојно за еден министер за надворешни работи – бидејќи движењето БЕСА, како партија од владината коалиција ги вклучи сите капацитети за поддршка на референдумот во сите области каде има освоено гласови, а референдумот надмина 50%, несериозноста на грчката дипломатија да гради дипломатски ставови врз основа на медиумски шпекулации и оцрнување на домашните политички опоненти во Македонија, Движењето БЕСА денеска ќе испрати протестна нота до грчката амбасада во Скопје и ќе побара министерот Коѕиас да се извини или да приложи докази за кои би ја поткрепиле неговата изјава. Ако се зборува за бројките, треба да се запрашаме какво странско влијание имаше во Кичево и Струга, каде БЕСА нема стабилно гласачко тело – велат од крилото на Гаши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стоилковски: Преговорите со коалиционите партнери се во напредна фаза

Преговорите со коалиционите партнери се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор, соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски и посочи дека се разговара и за ресори...