fbpx

БЕСА на Африм Гаши: Ние ќе гласаме за уставните измени

-

Тројцата пратеници од БЕСА кои припаѓаат на делот што за претседател го признава Африм Гаши, а не Биљал Касами, ќе гласаат за уставните измени.

Како што соопшти Гаши, тие се цврсто решени за евроинтеграциите и ќе ги поддржат измените на Уставот заради исполнување на обврските од Преспанскиот договор. Тоа е од висок интерес за Албанците, нагласи тој.

„БЕСА со своите три пратеници останува силно посветена на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО, убедена дека на тој начин се реализира и еден дел од нашата програма, но и еден висок интерес на Албанците во Македонија, кој воедно е и стратешка цел на државата.Сега, кога е актуелна улогата на пратениците за очекуваните уставни измени, а двајца пратеници, дојдени некогаш од една друга партија во Движењето БЕСА му се спротивставуваат на овој процес, бараме од медиумите да имаат разбирање за овие разлики и секогаш кога треба да информираат за ставот ПРОТИВ на тие пратеници, да ги споменуваат преку нивните лични имиња или преку фракцијата која ја претставуваат“, порача Гаши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски даде оставка од претседател на СДСМ и побара внатрепартиски избори

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски се повлекол од функцијата Претседател на СДСМ, извести партијата. „Согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради...