fbpx

БЕСА е за преговори за трипартитна коалиција, Алтернатива само со Алијанса за Албанците

-

Информациите дека е постигнат предизборен договор за коалиција за изборите на 12 април меѓу Алијансата за Албанците, Движењето БЕСА и Алтернатива, се невистинити. За Движењето БЕСА е прифатлива трипартитна коалиција, додека за Алтернатива тоа е неприфатливо, односно тие ја оставаат отворена можноста за коалиција само со Зијадин Села, информира „Порталб.мк“.

Зеќирија Ибрахими, од партијата „Алтернатива“, во изјава за „Порталб.мк“, ги отфрлува медиумските извештаи дека постигнале предизборен договор за коалиција.

– Не сме разговарале, а и немаме за што да разговараме. Движењето БЕСА сме ние, тие само ни го земаа печатот и во овој случај не можеме да разговараме сами со себе. Шпекулации се информациите за таква коалиција. Со Алијансата за Албанците можноста е отворена – вели Ибрахими.

И Фадил Зендели од Движењето БЕСА вели дека сè уште нема договор за коалиција, а според него, тоа е прифатливо за нив.

– Ние сме за предизборна коалиција со Алијансата за Албанците и Алтернатива. Немаме контакти на високо ниво со Алтернатива, но Зијадин Села ја презеде оваа иницијатива, разговараше со нас, но и со нив. Принципиелно сме за да одиме во тројка. Нема конкретен договор, но постои подготвеност да одиме заедно – вели Зендели.

„Порталб.мк“ се обиде да контактира и со Алијансата за Албанците, но тие не беа достапни.

Во декември минатата година, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, истакна дека тие се подготвени да формираат коалиција со албанските опозициски партии, со исклучок на ДУИ и ДПА.

– Ве уверувам дека ќе направиме предизборна коалиција со една или две албански партии со кои ќе биде доволно да се победи ДУИ. Или со БЕСА или со Алтернатива, или со двете – рече Таравари.

Во меѓувреме, ДУИ веќе изјави дека нема да влезе во предизборна коалиција со ниту една партија, додека ДПА се изјасни за коалицирање само со СДСМ но има два услови – во коалицијата да не бидат вклучени ДУИ и нејзиниот лидер, а Мендух Тачи, да биде заменик премиер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...