fbpx

Двете крила за БЕСА не го поддржуваат Заев за амнестирањето

-

Двете крила на БЕСА, тоа на Биљал Касами и тоа на Африм Гаши сметаат дека е неприфатлива понудата на премиерот Зоран Заев да се „амнестираат“ обвинетите за насилствата на 27 април 2017 во Собранието.

Според групата предводена од Африм Гаши, политичарите не смее да се мешаат во работата на правосудството, а помирување е можно само по преземање одговорност, извести „Порталб“.

– Во суштина, во оваа ситуација политиката не е во право и не смее на никаков начин да им се меша на судовите. Ослободувањето на правосудството од политиката е услов за владеење на правото и за европска перспектива. Помирувањето е можно само ако се побара прошка и ако некој преземе одговорност. Се надеваме дека ќе се постигне правдата – вели портпаролот Орхан Муртезани.

Инаку, премиерот Зоран Заев на почетокот на денешната собраниска седница за уставните измени повика на помирување, но воопшто не спомена амнестија.

Групата предводена од Биљал Касами, пак, отворено е против повикот за простување. Велат дека амнестирањето на насилниците е нарушување на евроатлантските вредности, пренесува „Порталб“.

-Предлогот за амнестирање на учесниците во насилствата од 27 април во Собранието ги нарушува вредностите за кои се залагаме со интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ – вели портпаролот Елмедин Мемиши.

Прашан дали пратениците на БЕСА ќе гласаат за таква амнестија, тој категорично одговара со „не“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стоилковски: Преговорите со коалиционите партнери се во напредна фаза

Преговорите со коалиционите партнери се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор, соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски и посочи дека се разговара и за ресори...