ДИК утре ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

-

Државната изборна комисија (ДИК) за утре ја закажа седницата на која треба да расправа и да одлучува по приговорите од партиите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Во ДИК сè уште го немаат утврдено времето кога ќе се одржи седницата и велат дека за тоа дополнително ќе информираат.

„Државната изборна комисија известува дека седницата за расправање и за одлучување по приговорите од подносителите на листи на кандидати за пратеници ќе се одржи во текот на утрешниот (15 декември 2016 година). За точното време на одржување на седницата ДИК навремено ќе ги извести овластените претставници, акредитираните набљудувачи и медиумите“, стои во соопштението од ДИК.

Крајниот рок до кога Државната изборна комисија треба да одлучи по приговорите истекува утре во 19 часот, односно 48 часа по крајниот рок за прием на приговорите, кој истече вчера во 19 часот.

До Државната изборна комисија поднесени се вкупно 16 приговори, по осум од СДСМ и од Беса.

Приговорите на Беса, како што соопштија вчера за „Мета“ од ДИК, се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Гази Баба и Липково, а приговорите на СДСМ, според портпаролот на партијата, Петре Шилегов, се однесуваат на избирачки места во шестата изборна единица.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...