ДИК денеска ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

-

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи јавната седница на која Комисијата ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември.

„Државната изборна комисија ве известува дека во големата сала на ДИК (централа во Скопје, 4 кат), ќе се одржи јавна седница денеска, четврток, 15 декември, со почеток во 11 часот. Единствена точка на дневен ред ќе биде разгледувањето и одлучувањето по приговорите поднесени од подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието, а кои се однесуваат на постапката за гласање и на постапката за сумирање и за утврдување на резултатите“, стои во соопштението на ДИК.

Крајниот рок до кога Државната изборна комисија треба да одлучи по приговорите истекува денеска во 19 часот, односно 48 часа по крајниот рок за прием на приговорите, кој истече завчера во 19 часот.

До Државната изборна комисија поднесени се вкупно 16 приговори, по осум од СДСМ и од Беса.

Приговорите на Беса, како што соопштија од ДИК, се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Гази Баба и Липково, а приговорите на СДСМ, според портпаролот на партијата, Петре Шилегов, се однесуваат на избирачки места во шестата изборна единица.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера соопштија дека „внимателно и одблиску, со крајна сериозност и загриженост ја следат работата на Државната изборна комисија“ за одлучување по „апсурдните приговори од страна на СДСМ и на Беса“. Оттаму апелираа до ДИК „да не подлегнува на никакви притисоци и да не влегува во сценарија за постизборен инженеринг“.

Доналд Трамп го помилува основачот на веб-страницата за продажба на дрога „Силк Роуд“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал Рос Улбрихт, основачот на „Силк Роуд“ (Silk Road), подземна веб-страница за продажба на дрога, пренесе Асошиејтед Прес (АП). Улбрихт беше осуден на доживотен...

ИЈЗ: За само еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања

Во текот на месец декември 2024 година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнале вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања (без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и...

Индекс на младинско учество: Социјалните бариери ги оддалечуваат младите од вклученост во заедницата

Многу мал процент млади, како на национално, така и на локално ниво, се вклучени во политичкиот живот. Четвртина од младите не се вработени, не се образoваат ниту се обучуваат, а се...

Играта со загатки „Escape Academy“ е бесплатна на Epic Games до четврток

Играта со загатки Escape Academy е бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за релативно кратка игра со интересни загатки со кои решавате како да се излезе од одредени простории...

Доналд Трамп го помилува основачот на веб-страницата за продажба на дрога „Силк Роуд“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал Рос Улбрихт, основачот на „Силк Роуд“ (Silk Road), подземна веб-страница за продажба на дрога, пренесе Асошиејтед Прес (АП). Улбрихт беше осуден...