недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: избори 2016 | 35 резултати

Заев: Влада треба да состави коалицијата што ќе има минимум 61 пратеник во Собранието

декември 20, 2016

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да го даде мандадот за составување нова влада на таа партија, партии или коалиција што ќе имаат мнозинство во Собранието од минимум 61 пратеник. – Членот 90 од Уставот на Република Македонија е јасен и вели дека претседателот на Република Македонија го доделува мандатот на […]

Експратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе го води советот на Управниот суд за тужбите

декември 19, 2016

Управниот суд со жрепка ги избра петтемина судии што на јавна седница ќе одлучуваат по тужбите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за одлуките што Државната изборна комисија (ДИК) ги донесе по приговорите за текот на гласањето на изборните на 11 декември. Претседател на петчелниот совет е судијката и заменик-претседател на Управниот суд, Весна Јовановска, а членови […]

ДИК отфрли уште еден приговор на СДСМ, а за последниот ќе одлучува утре

декември 16, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва едногласно го отфрли приговорот на СДСМ кој се однесуваше на постапката за утврдување на резултатите од гласањето на избирачкото место 2016, a последниот приговор на СДСМ, како што соопшти претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, ќе биде разгледуван утре, на седница закажана за 11 часот. – Ви соопштувам дека ДИК вечерва […]

Бејли разговараше со Груевски за изборите и најави средби и со другите лидери

декември 16, 2016

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли, попладнево имаше средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во новото седиште на партијата, на која било разговарано за изборите што се одржаа на 11 декември и за идните чекори на партијата. Бејли, во кратка изјава по средбата, истакна дека САД се партнер на Македонија и […]

Ахмети по средбата со Рама: Рано е да се зборува за нова коалиција со Груевски

декември 16, 2016

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при вчерашната посета на Тирана имал средби со премиерот на Албанија, Еди Рама, со спикерот на албанскиот парламент, Илир Мета, и со претседателот на државата Бујар Нишани, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. „Охридскиот договор, членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија, економскиот развој и еднаквоста меѓу етничките […]

И Обвинителството го истражува потписот на гласачката од Гостивар

декември 16, 2016

Гостиварското Основно јавно обвинителство отворило предмет во врска со случајот на Фатиме Сулејмани, односно за тоа дали некој друг гласал во нејзино име на избирачкото место 0396/1 во Гостивар, за што вчера расправаше и Државната изборна комисија по приговор од партијата Беса. Како што соопшти попладнево Јавното обвинителство, предметот е отворен по допрен глас, а врз […]

ДИК денеска ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

декември 15, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи јавната седница на која Комисијата ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември. „Државната изборна комисија ве известува дека во големата сала на ДИК (централа во […]

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола излегоа на улиците да ја чекаат одлуката на ДИК

декември 14, 2016

Стотици членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ од Битола попладнево околу 16 часот се собраа пред зградата на општинскиот комитет на партијата, во центарот на градот, поради, како што велат, нивниот гнев од непризнавањето на изборните резултати од страна на опозицијата. Портпаролката на битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Марковска, вели дека членството и симпатизерите на партијата […]

ДИК утре ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

декември 14, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) за утре ја закажа седницата на која треба да расправа и да одлучува по приговорите од партиите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Во ДИК сè уште го немаат утврдено времето кога ќе се одржи седницата и велат дека за тоа дополнително ќе информираат. […]

Руско МНР: Да нема надворешни влијанија при формирањето на новата влада

декември 14, 2016

„Ги повикуваме сите политички партии во Македонија да ја почитуваат волјата на гласачите, да дејствуваат единствено во рамките на Уставот и да ги избегнат надворешните контрапродуктивни влијанија во врска со формирањето на новиот владин кабинет“, се вели во коментарот на министерството за надворешни работи на Руската Федерација во врска со предвремените парламентарни избори во Македонија. […]

Ахмети, Тачи, Касами и Села на постизборна средба со албанскиот премиер Рама

декември 14, 2016

Албанскиот премиер Еди Рама се сретна со лидерите на албанските партии во Македонија, односно со претседателите на Движењето Беса и на Алијансата на Албанците, Билал Касами и Зијдин Села, а за денеска се закажани средби и со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Средбите на Рама со лидерите на четирите […]

Заев: Груевски не смее да формира влада

декември 13, 2016

Режимот на Никола Груевски не смее да формира влада, истакна попладнево на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и ги повика партиите чии кандидати добиле пратенички манданти да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ за нова влада. – Поразивме режим со пенкало и со глас. Режимот не смее да формира влада. Ги повикувам сите партии што добија мандат […]

СДСМ: Првичните резултати на ДИК покажаа дека режимот на Груевски е поразен

декември 13, 2016

Првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека режимот на Никола Груевски е поразен, дека граѓаните покажаа дека сакаат живот во Македонија и избраа промени, се вели во реакцијата на СДСМ на првичните резултати од изборите и од симулацијата на пратенички мандати што синоќа ги објави ДИК. Од најголемата опозициска партија, која според […]

Собрание на 31 декември, влада во февруари ако се чекаат крајните рокови

декември 13, 2016

Ако новоизбраните пратеници ги чекаат крајните рокови предвидени со Уставот на државата, тогаш новиот собраниски состав ќе биде конституиран најдоцна до 31 декември, а новата влада најдоцна до средината на февруари следната година. Вака изгледа календарот за конституирање на Собранието и за формирање на новата влада: 31 декември – избраните пратеници се состануваат на конститутивна […]

Ѓорчев ѝ порача на ДИК да не помислува да ја фалсификува волјата на граѓаните

декември 12, 2016

Крајно време е Државната изборна комисија (ДИК) да ги објави конечните резултати од парламентарните избори и крајно време е, по цела ноќ и цел ден, ДИК да ги објави мандатите, изјави попладнево на прес-конференција носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Влатко Ѓорчев. – Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ е победник. Јасно е […]

Коцијанчич: Одблиску ќе ги следиме изборите, тие се можност за нов почеток

декември 9, 2016

Европската Унија одблиски ќе ги следи изборите в недела, а првата реакција околу исходот ЕУ очекува да ја има в понеделник, на 12 декември, попладне, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.­ – Во однос на тоа што ќе се случи како следен чекор, ние, се разбира, одблиску ќе ги следиме изборите, како што правевме и […]

Иванов: На 11 декември очекувам да биде поздравена и признаена волјата на граѓаните

декември 9, 2016

„На 11 декември, ве повикувам да излезете и да го остварите вашето право на глас и да ја исполните вашата граѓанска должност. Повикувам да гласате по сопствено убедување и да ја дадете довербата на онаа политичка партија и опција за која верувате дека е најдобриот избор за вас и за Република Македонија“, стои во пораката […]

Левица: Судот го одби барањето на саботерите што не сакаат да учествуваме на изборите

декември 8, 2016

Основниот суд Скопје 2 донел решение со кое го одбил како неосновано барањето за донесување привремена мерка за забрана на партијата Левица да учествува на предвремените парламентарни избори, закажани за недела, 11 декември. Барањето, кон крајот на минатиот месец, го поднесе лице кое се преставува како член и основач на партијата. „Ова е уште еден […]

СДСМ во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во неколку скопски општини

декември 8, 2016

Политичките партии уште денеска и утре ќе имаат можност на митинзи и на средби со граѓаните да ги претстават своите програми, пред да почне предизборниот молк за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 11 декември. На претпоследниот ден од изборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе одржат митинзи во скопските општини Бутел […]

Искршени изложните стакла на штабот на Беса во Слатино, Тетовско

декември 7, 2016

Партискиот штаб на Беса во селото Слатино, Тетовско, утринава бил цел на вандалски напад. Искршени се изложните стакли на објектот каде е сместен штабот, а од Беса за овој инцидент ги обвинија партиите на власт. – Очигледно е дека партиите на власт, соочени со поразот што ги очекува на 11 декември, прават сè за да ја спречат […]

Страна 1 од 2