Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при вчерашната посета на Тирана имал средби со премиерот на Албанија, Еди Рама, со спикерот на албанскиот парламент, Илир Мета, и со претседателот на државата Бујар Нишани, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана.
„Охридскиот договор, членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија, економскиот развој и еднаквоста меѓу етничките заедници ќе бидат принципите врз основа на кои ние ќе се водиме во преговорите во иднина – изјави Ахмети за медиумите по средбите со албанскиот државен врв.
Тој додаде дека сè уште е рано да се зборува за нова коалиција со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Претходно неделава, веднаш по парламентатните избори во неделата, на средби со премиерот Еди Рама беа лидерите на Беса, Алијанса за Албанците и на ДПА, Билал Касами, Зијадин Села и Мендух Тачи.
Во медиумите два дена кружеа информации дека Ахмети ја откажал средбата со Рама, но тој вчера сепак допатува во Тирана на средби со државниот врв на Албанија.