fbpx
Таг: Државна изборна комисија

таг: Државна изборна комисија

Чичаковски: Партиите веднаш да престанат со инцидентите

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, денеска упати апел до политичките партии итно да престанат со инциденти и порача дека насилството во предизборниот период може да донесе само штета на кандидатите, на партиите, на изборниот процес и на државата. Чичаковски во името на ДИК остро ги осуди сите досегашни инциденти во пресрет на локалните избори, закажани за 15...

На локалните избори право на глас ќе имаат 1.814.644 граѓани

Право на глас на претстојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври, ќе имаат 1.814.644 гласачи, соопшти денеска Државната изборна комисија (ДИК), по заклучувањето на избирачкиот список и по извршените промени што произлегоа од јавниот увид. Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирач се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите...

Ермира Асани-Салија предложена за нов член на ДИК од Беса

Собраниската комисија за прашања на изборите и на именувањата на денешната седница го потврди предлогот на Беса, Ермира Асани-Салија да биде нов член на Државната изборна комисија (ДИК). Асани-Салија е дипломиран правник од Гостивар и членка на централното претседателство на Беса. Таа доаѓа на местото на Бедредин Ибраими од ДПА, бидејќи сега Беса е четврта партија во Собранието според бројот на пратеници...

СДСМ на 19. место, ВМРО-ДПМНЕ седма на гласачкото ливче за локалните избори

Денеска, со жрепка, во Државната изборна комисија (ДИК) беше утврден редоследот на кандидатите за градочалници и за советници на гласачките ливчиња за претстојните локални избори закажани за 15 октомври. Листи со кандидати за градоначалници и за советници имаат поднесено 19 партии и коалиции. Како што одреди жрепката, прва на гласачкото ливче ќе биде СДПМ, втора - Коалицијата Алијанса на Албанците и...

Кривичен суд: Отстранет проблемот со системот за издавање потврди за неосудуваност

Основниот суд Скопје 1 соопшти дека денеска претпладне бил остранет проблемот со автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС) и дека нема никаков застој во издавањето на потврдите за неосудуваност на кандидатите за градоначалници. „Ја известуваме јавноста дека во петок, 15 септември 2017 година, во попладневните часови е констатиран проблем со системот за што веднаш е известена компанијата задолжена...

Кривичен не издава потврди за неосудуваност на кандидатите за градоначалници, системот не работел

Вршителот на должноста претседател на Онсовниот суд суд во Скопје, Стојанче Рибарев, во петокот минатата недела ја известил Државната изборна комисија (ДИК) дека автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС) не работи, поради што судот не може да се издава потврди за неосудуваност на кандидатите за градоначалници. Инаку, од АКМИС се црпат подаотците за потврдите и за уверенијата...

ДИК ги распредели рекламните паноа и билборди на партиите за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со жрепка ги распредели локациите на паноата и на билбордите за политичко рекламирање понудени од фирмите што стопанисуваат со нив, за потребите на партиите за претстојните локални избори. Распределбата на локациите на рекламните паноа и на билбордите беше извршена според принципот - 40 отсто за партиите од власта, 40 отсто за партиите во опозиција во...

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да не подлегнува на притисоците на СДСМ

Државната изборна комисија (ДИК) не смее да дозволи да подлегне под притисоците на СДСМ и нејзина должност е да ги спроведе локалните референдуми за мигрантите, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во спротивно, додаваат од партијата, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и сите членови кои ќе гласаат против спроведувањето на референдумите ќе одговараат кривично. - СДС ги контролира сите државни апарати и се...

Увид во избирачкото право за 20 дена извршиле 21.600 граѓани

Заклучно со вчерашниот ден, 9 септември, заврши јавниот увид во избирачкиот список. Јавниот увид почна на 21 август и траеше 20 дена. Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија увид извршија вкупно 21.594 граѓани, соопшти денеска Државната изборна комисија (ДИК). Притоа, направени се значителен број измени во избирачкиот список. „Во овој период донесени се 65 решенија за запишување во...

Заврши увидот во избирачкиот список

На полноќ истече рокот за јавниот увид во избирачкиот список за локалните избори 2017. Граѓаните тоа можеа да го направат електронски или во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) во Скопје и во подрачните оделенија. Според роковникот на изборни дејства на ДИК, во рок од пет дена по завршување на јавниот увид, Комисијата треба да го достави избирачкиот список до...

Дума: „Курир“ нека ја објави целата снимка од седницата на ДИК

Вистинска случај, но без јасна завршница предизвика настанот од завчера, кога според порталот „Курир“ на нивниот снимател му било наложено од обезбедувањето да ја напушти седницата на Државната изборна комисија, откако членката на ДИК, Виолета Дума, побарала тој да се претстави. Дума денеска рече дека не станува збор за бркање, бидејќи новинарот самиот си заминал, откако снимал. Таа денеска изјави...

ВМРО-ДПМНЕ: Колку и да се труди, Манчевски нема да најде 180 илјади административци

Колку и да се труди, Дамјан Манчевски не може да најде 180 илјади или некој друг имагинарен број на вработени во јавната администрација со кој упорно ја манипулира јавноста, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за информатичко општество и администрација. Според опозициската партија прес-конференцијата на Манчевски е скандалозна бидејќи тој отворено кажува дека не го почитува...

Нема реална слика колку администрација имаме, регистарот не работи

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) нема официјална и веродостојна бројка на вработени во јавната администрација бидејќи регистарот за вработените не функционира, односно во него нема податоци од сите државни институции, а и оние што ги има, постојат сомневања дека голем број од нив не се уредно пополнети. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за информатичко општество и...

ДИК е подготвена за спроведување на локалните избори

Прирачниците за едукација на општинските изборни комисии и избирачките одбори беа усвоени на денешната 124. седница на Државната изборна комисија (ДИК), а како што соопштија, ова се досега најдобро подготвените прирачници кои ќе придонесат за законито спроведување на изборните дејства. Со ова, како што се наведува, Државната изборна комисија е целосно подготвена за спроведување на локалните избори кои се предвидуваат...

Вељаноски за петок ја закажа конститутивната седница на Собранието

Претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски, за петок во 13 часот ја закажа и ќе претседава со конститутивната седница на новиот собраниски состав. „Врз основа на член 63 од Уставот на Република Македонија, кој предвидува дека новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена од одржаните избори и конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот...

ДИК утре свечено ќе ги врачи уверенијата на новоизбраните пратеници во Собранието

Државната изборна комисија (ДИК) утре свечено ќе им ги врачи уверенијата на претставниците на коалициите и на политичките партии кои освоија пратенички мандати на предвремените парламентарни избори, кои се одржаа на 11 декември. Ова го отвора патот за свикување конститутивна седница на новото собрание. „Ве известуваме дека уверенијата за пратениците избрани на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република...

Весела владина математика: 49+10+5+3 или 49+10+5+3+2 или 51+10+2 или 51+10+3+2?

Откако Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека и по прегласувањето во Теарце, соодносот во новиот собраниски состав меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ останува 51 - 49, почнуваат да течат роковите за формирање нова влада, но и да се прават извесни комбинаторики и математички формули, кои сите како суштинска ја имаат бројката од најмалку 61 пратеник. Во очекување на официјалните и конечни резултати,...

Шилегов: Теарце ја има честа да ја запечати победата на демократска Македонија

Теарце ја има таа чест да ја запечати победата на граѓанска и демократска Македонија, рече носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата предводена од СДСМ во шестата изборна единица, Петре Шилегов, кој денеска со своите сопартијци го посети Теарце, каде, по вчерашната одлука на Управниот суд и денешната на Државната изборна комисија, в недела, на 25 декември, ќе...

Управниот суд ја уважи тужбата на СДСМ и го поништи гласањето во Теарце

Советот на Управниот суд ја прифати како основана тужбата на СДСМ и го поништи гласањето на гласачкото место број 2.011 во општина Теарце, во шестата изборна единица. Приговорот и тужбата на СДСМ за ова гласачко место се однесуваат на тоа дека на почетокот на гласањето било констатирано дека недостига гласачко ливче, кое на крајот при пребројувањето на гласовите било најдено...

Експратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе го води советот на Управниот суд за тужбите

Управниот суд со жрепка ги избра петтемина судии што на јавна седница ќе одлучуваат по тужбите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за одлуките што Државната изборна комисија (ДИК) ги донесе по приговорите за текот на гласањето на изборните на 11 декември. Претседател на петчелниот совет е судијката и заменик-претседател на Управниот суд, Весна Јовановска, а членови се судиите Бурим Сејдини, Анета...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...