fbpx

Увид во избирачкото право за 20 дена извршиле 21.600 граѓани

-

Заклучно со вчерашниот ден, 9 септември, заврши јавниот увид во избирачкиот список. Јавниот увид почна на 21 август и траеше 20 дена. Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија увид извршија вкупно 21.594 граѓани, соопшти денеска Државната изборна комисија (ДИК).
Притоа, направени се значителен број измени во избирачкиот список.

„Во овој период донесени се 65 решенија за запишување во избирачкиот список, 22 решенија за бришење и 133 решенија за промени на податоци во избирачкиот список. На електронската апликација избирачки список во овој период извршени се 203.191 проверка“, се вели во соопштението од ДИК.

ДИК соопштува дека во рок од пет дена по завршувањето на јавниот увид, односно најдоцна до 14 септември, ќе го достави избирачкиот список на увид на политичките партии. Потоа, тој ќе се менува сè до 24 септември.

„Политичките партии во рок од пет дена од добивањето на избирачкиот список, односно најдоцна до 19 септември, можат до ДИК да поднесат барања за запишување, бришење или промени на податоци. По овие барања ДИК ќе одлучи во рок од три дена.
Избирачкиот список во кој се вклучени сите промени кои произлегле од јавниот увид, ДИК ќе го заклучи најдоцна до 24 септември“, велат од Комисијата.

Комисијата потсети дека уште четири дена трае рокот за кандидирање.

„Потсетуваме дека рокот за поднесување листи на кандидати за градоначалници и за членови на советите истекува на 14 септември во 24 часот. Листите се поднесуваат до надлежните општински изборни комисии“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...