fbpx

ДИК ги запре сите изборни активности

-

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги запре сите натамошни активности поврзани со изборите кои беа закажани за 5 јуни.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски рече дека треба да се запрат сите натамошни дејствија на општинските изборни комисии и тие да се задолжат да достават до ДИК извештај за работа и финансиски извештај за периодот од нивниот избор до 18 мај 2016 година.

– Предлагам да доставиме информација да се запрат сите натамошни дејствија и активности во насока на спроведување на предвремените парламентарни избори што требаше да се одржат на 5 јуни а кои актовности требаше да ги преземат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за статистика и Државниот завод за ревизија – рече Чичаковски, пренесува „Телма“.

Членот на ДИК, Субхи Јакупи изјави дека Комисијата продолжува со секојдневната работа што е во нејзина надлежност.

– Бидејќи почнавме и стигнавме до прочистувањето на Избирачкиот список, јас мислам и понатаму да продолжиме со тие активности – рече Јакупи.

Собранието, вчера на седница, со измени на Изборниот законик, предложени од пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, го избриша 5 јуни како датум за одржување на изборите. Нов датум не е предвиден со измените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...