fbpx

Со „Куршумите живот значат, даско една“ демонстрантите ја поздравија Јелена Жугиќ

-

„Куршумите живот значат, даско една“ со оваа порака испишана на булеварот Св. Климент Охридски пред зградата на Театар Комедија, демонстрантите ја поздравија директорката на оваа институција Јелена Жугиќ. Поводот е нејзиниот статус на „Фејсбук“, со кој таа ја повика полицијата, дека е крајно време да употреби гумени куршуми против демонстрантите.

Потоа, беше обоена и зградата на Театар Комедија, а беа фрлени и неколку јајца.

Актерот Марин Бабиќ пред Собранието порача дека, поради „дотичната дама“, не по своја волја бил принуден да го напушти Драмски театар. И предложи на „Шарена револуција“, да купат 100 карти за во Театар Комедија и да напуштат среде претстава.

– Уметноста во која залутала, треба да го облагородува и оплеменува човекот, а не да го уништува. Таа нема појма што значат гумени куршуми. Би и порачал едно „ѓевојко Црногорко, гледај си дијете, јер где ќе ти душа јадна“ – и порача Бабиќ на Жугиќ.

Тој и предложи на „Шарена револуција“ меѓу нивните осум барања да го вметнат и барањето за промена на избирачкиот модел, односно да има една изборна единица, да има отворени гласачки листи и вистински луѓе да дојдат на вистинско место.

На претседателот Ѓорге Иванов му порача наместо 56 да аболицира 57 лица, односно и себе самиот, бидејќи го сторил најголемото зло.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски рече дека многу скоро ќе се формира техничка влада која ќе спроведе фер и демократски избори.

Тој порача дека луѓето кои изнеле милијарди од државата мора да одговараат.

Освен зградата на Театар Комедија, демонстрантите вечерва ги обоија и зградата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Собранието каде што заврши вечерашниот протест.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...