fbpx

Најчевска ќе ги тужи членовите на ДИК затоа што ја избришале од избирачкиот список

-

Професорката Мирјана Најчевска ќе ги тужи членовите на Државната изборна комисија за повреда на избирачко право.

Професорката на својот блог „Квадратура на кругот“ напиша дека кривичната пријава ја поднесува затоа што членовите на ДИК ја злоупотребиле својата положба и противуставно и противзаконски ја избришале од избирачкиот список на Република Македонија.

„Чичаковски и другите го злоискористиле постапувањето по членот 196-б од Изборниот законик да го избришат подносителот на пријавава, наводно поради жителство во ист стан со лице со различно презиме, а родено во период помалку од една година. Иако ова не е законски утврден услов ниту, пак, се работи за противправност од каков и да е вид, врз основа на ова и само на ова, тие претходно го ставиле пријавителот на таканаречен список на спорни гласачи“, пишува во образложението на пријавата што Најчевска планира да ја поднесе.

Името на Најчевска, заедно со уште неколку познати во јавноста личности, се најде во списокот на спорни гласачи кои требаше да се пријават во ДИК, за да го докажат своето постоење, но таа изјави дека нема намера да се пријавува во ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...