fbpx
Таг: Државна изборна комисија

таг: Државна изборна комисија

Груевски: Избирачкиот список е работа на ДИК, а наша се изборите на 5 јуни

Државната изборна комисија треба да си ја заврши својата работа со избирачкиот список, а работа на ВМРО-ДПМНЕ е да ја следи одлуката на Собранието изборите да се одржат на 5 јуни, изјави денеска претседателот на владејачката партија, Никола Груевски. - Парламентот донесе одлука изборите да бидат на 5 јуни и ние сме целосно подготвени да излеземе на тие избори. Работа...

МВР ќе формира девет работни групи кои ќе ѝ асистираат на ДИК

Една работна група на државно и осум работни групи на локално ниво ќе формира Министерството за внатрешни работи (МВР), кои ќе одговараат на барањата на Државната изборна комисија (ДИК) во врска со предвремените парламентарни избори закажни за 5 јуни. Ова денеска го соопшти техничкиот премиер, Емил Димитриев, по средбата со членовите на ДИК. - Заклучивме сите ресори, особено МВР бидејќи...

Груевски: На избори не гласаат адресите, гласаат државјани на Македонија

Гласачи на избори се сите лица што имаат државјанство, а не тие што живеат на онаа или оваа адреса, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додавајќи дека СДСМ се обидува вештачки да создаде привид дека има некаков хаос и неправилности во избирачкиот список. Според Груевски, актуелниот избирачки список е истиот во последните 20, 30 и повеќе години и дека во Македонија...

ДИК го усвои упатството за теренска проверка на избирачкиот список

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница го усвоија упатството за теренската проверка на избирачкиот список. Членовите на комисија на седницата ги одбија двата предлога на Игор Милев од СДСМ и на Бедредин Ибраими од ДПА. Милев предложи теренска проверка да се прави и по пријавите на граѓаните, откако ДИК ќе ги разгледа, а Ибраими го прифати неговиот...

ДИК утре ќе расправа по пријавите од граѓани за недоследностите во избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) утре, во 16 часот, ќе одржи јавна седница на која ќе се расправа за пријавите од граѓани за сомнителни случаи и записи во електронскиот избирачки список што стигнале и биле примени од ДИК. Како што информираат од ДИК, известувањата што ги примиле се однесувале на следните забелешки: Лицето не е државјанин на Република Македонија; Лицето не поседува важечка...

ДЗЛП: Објавувањето на адресите во избирачкиот список е во согласност со законот

Објавувањето на адресите на гласачите во електронскиот увид на избирачкиот список е во согласност со Законот за заштита на личните податоци, велат за „Мета“ од Дирекцијата за заштита на личните податоци. Во дописот од дирекцијата стои и дека ДЗЛП веќе ѝ укажала на Државната изборна комисија да не го користи матичниот број на избирачите во избирачкиот список и да им овозможи...

ДИК: Граѓаните можат да пријават сомнителни податоци во избирачкиот список

Им овозможуваме на сите граѓани до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и преку апликацијата објавена на веб-страницата на Државната изборна комисија да пријават сомнителни податоци во избирачкиот список, кои по службена должност ќе бидат проверени во службените евиденции на надлежните институции, велат од ДИК. „Врз основа на спроведените постапки и донесените акти од страна на надлежните институции,...

Фантомски гласачи, мртви души и преполни станови на избирачкиот список

Низа нерегуларности открија граѓаните при проверка на личните податоци во избирачкиот список преку веб-апликацијата што од вчера е достапна на официјалната страница на Државната изборна комисија. Граѓани на социјалните мрежи пишуваат дека на нивните адреси живеаат луѓе кои тие не ги познаваат, дека на списокот има починати лица и дека има лица кои повеќе години се иселени од Македонија. Освен тоа,...

Заев: Одлуката на Уставен суд само охрабрува нови изборни измами

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од Кочани го кажа својот личен став за последната одлука на Уставниот суд, со која се дозволува разгледување на уставноста на Законот за помилување. -  Само да потсетам дека изборните грабежи, независноста на судството и пратизираните институции беа главни причини за политичката криза во Македонија. Со одлуката на Уставниот суд, Никола Груевски многу јасно ја...

Бејли: Не се исполнети условите за кредибилни избори на 24 април

Не се исполнети условите за одржување на фер и кредибилни избори на 24 април, е оцената на Европската унија и на Соединетите Американски Држави, што вечерва ја соопшти амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли. Американскиот амбасадор ова го сооппшти пред зградата на Владата, откако претходно му го предаде писмото со извештајот на техничкиот премиер, Емил Димитриев. Бејли рече дека иако...

Димовски: ДИК на јавна седница да каже до кога може да се прочисти избирачкиот список

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ денеска ја повика Државната изборна комисија (ДИК) итно да одржи јавна седница на која ќе ги расчисти сите дилеми за тоа колку време е потребно за вкрстувањето на податоците за избирачкиот список и за евентуалната теренска проверка. Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека само така ќе се разрешат дилемите што се појавија во...

ДИК: Избирачкиот список ќе се прочистува во простории со блокатори на радиофреквенции

Целта и задачата на Државната изборна комисија е да спроведе избори во рамките на Уставот и на законите на државата, а резултатите да бидат признати и прифатени од сите учесници во изборите и од граѓаните, рече претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, на денешната прес-конференција. Чичаковски додаде дека ДИК прави сè да се направи избирачки список во кој сите ќе веруваат...

ДИК: Владата изрази подготвеност да излезе во пресрет на нашите барања

Премиерот на преодната влада, Емил Димитриев, на денешната средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) изразил подготвеност да излезе во пресрет на барањата на ДИК што се однесуваат на организациските и на техничките подготовки за вкрстените проверки на различни бази на податоци, теренските проверки и на други правни работи поврзани со изборите, соопштуваат од ДИК. На средбата, на која присуствувале...

Ванхауте: Избори на кои не учествуваат сите политички партии се проблематични избори

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте денеска, пред почетокот на средбата на работните групи во Клубот на пратеници, рече дека, според него, можно е да се постигне договор за законот за медиуми и дека е добро што политичките партии даваат свои предлози, кои не се конечни решенија, туку само предлози. Тој потврди дека со некои од предлозите има проблем затоа што не...

Денеска средба на работните групи за ДИК и за медиумите

Претставниците на политичките партии кои се членови во работната група денеска од 17 часот во Клубот на пратеници ќе имаат средба со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. На средбата ќе се разговара за методологијата што Државната изборна комисија треба да ја употреби за прочистување на избирачкиот список и за регулацијата на медиумите. Последната средба на работните групи беше во четвртокот минатата недела, но...

Чичаковски: Не утврдивме датум до кога треба да се прочисти избирачкиот список

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, по завршувањето на средбата со техничкиот премиер за спроведување  на изборите, Емил Димитриев, и со членовите на Владата рече дека се разговарало за сите можности за соработка во процесот за подготовка на изборите во Македонија. Чичаковски рече дека приоритет е проверката на избирачкиот список. - Ги разгледавме сите можности за институционална соработка и утврдивме...

За вкрстување на податоците, ДИК ќе ги користи базите на 13 институции

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашнава седница усвоиле одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи (УЈП), Народна банка, Агенцијата за катастар, Министреството за труд и социјална политика и други. Седницата на ДИК, која беше закажана за 17.45 часот, заврши за само...

ДИК за вечерва закажа седница

Државната изборна комисија (ДИК) за доцна попландево ја закажа седмата седница. На седницата, членовите на ДИК ќе расправаат по четири точки. „Државната изборна комисија, денеска, 21 јануари 2016 година, во 17.45 часот, во салата за состаноци ќе ја оддржи седмата седница со следниот дневен ред: предлог-извештај на Државната изборна комисија за преземените работи во согласност со член 153-а од Изборниот...

СДСМ: Власта во заминување безобразно ги задолжува граѓаните

Власта на ВМРО-ДПМНЕ во заминување продолжува безобразно да ги задолжува граѓаните со нови долгови, обвинува СДСМ преку соопштение. „Во текот на вчерашниот ден, избегнувајќи ја контролата од СДСМ, Зоран Ставрески на најбезобразен начин ги задолжи граѓаните на Македонија со нови 13 милиони евра. Ставрески го направи најочајниот потег и ги зголеми каматните стапки на државните записи и обврзници, само за...

Ставрески: ДИК ќе добие вработувања колку што е потребно

Министерството за финансии дало согласност за 11 нови вработувања во Државната изборна комисија. Ќе се обезбедат средства и за другите потреби на ДИК, за да може навреме да ги заврши сите подготвителни активности околу прочистувањето на избирачкиот список. Ова го изјави министерот Зоран Ставрески по работниот состанок на Министерството за финансии и на Државната изборна комисија. На состанокот биле разгледани...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...