fbpx

Либерална партија до ДИК: Судот ни прави проблем со уверенијата за неосудуваност

-

Либералната партија денеска наишла на проблем во судот со издавањето на потврдите за неосудуваност на нивните кандидати за пратеници, информираат од партијата. Оттаму велат дека при доставувањето на документите во Основниот суд Скопје 1, им било кажано дека судот веројатно нема да биде во можност да ги издаде потребните документи во следните седум дена.

Во врска со ситуацијата, од ЛП се обратиле до Државната изборна комисија (ДИК) од која бараат да ги преземе сите потребни мерки за да не се прават „административно-политички пречки“ на партиите што ќе настапуваат самостојно на изборите.

„Навремено Ве алармираме да ги преземете сите мерки да не ни се прават административно-политички пречки нам и на другите партии што ќе настапуваат самостојно на изборите. Знаеме дека сте избрани со политичка поддршка на само четири партии, но одговарате пред Уставот и законот во Република Македонија“, стои во известувањето на ЛП до ДИК.

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, вели дека нема да дозволат државата узурпирана од четири партии да ги спречи во правото на политичко дејствување и во остварувањето на законските права.

„Знаеме дека сме им проблем, затоа што не сакаме да играме по туѓи ноти. Ги известуваме и сите амбасади за овие опструкции. Сакавте Пржино? Сега спроведете го на дело“, вели Величковски.

Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека поради предвремените парламентарни избори и зголемениот број на барања, наместо како досега за три дена, ќе издава уверенија од казнената и од кривичната евиденција во рок од пет до седум дена.

Кандидатите што ќе се најдат на пратеничките листи треба да извадат уверенија за неосудуваност, а крајниот рок за поднесување на пратеничките листите е петок на полноќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...