fbpx

Управниот суд го поништи решението на ДЗЛП за е-пристапот до избирачкиот список

-

Управниот суд на 5 мај донел одлука со која ја уважил тужбата на Државната изборна комисија (ДИК) против привременото решение на Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), со која ѝ се забранува на ДИК да обезбедува електронски пристап до избирачкиот список на интернет-страницата izbirackispisok.gov.mk. Истовремено, со уважувањето на тужбата на ДИК, Управниот суд го поништил привременото решение на Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Управниот суд, како што е наведено во одлуката, констатирал дека инспекторите на ДЗЛП, пред да биде донесено решението, не го извршиле инспекцискиот надзор во согласност со правилата и со начелата на управната постапка.

„Тужениот орган (Дирекција за заштита на лични податоци н.з.) за извршениот вонреден инспекциски надзор не составил записник со наод на состојбата, кој записник бил должен да го достави на обработувачот на личните податоци, сега тужителот (ДИК н.з.), како што е прецизирано со член 45, став 1 од Законот за заштита на личните податоци, за тужителот во рок од три дена од денот на приемот на записникот да достави забелешки на истиот и по истекот на рокот од член 45, став 2 од Законот за заштита на личните податоци, да донесе правилна и на закон заснована одлука. Ова упатува на заклучок дека оспореното решение на тужениот орган не е донесено во согласност со член 205, став 1 од Законот за општа управна постапка (ЗОУП), што укажува на тоа дека при одлучувањето, односно пред донесувањето на одлуката, органот е должен правилно да ги изведе сите докази и својата одлука да ја заснова на фактите утврдени во постапката кои се од значење за правилно одлучување (член 9 од ЗОУП), па дури потоа на правилно и целосно утврдена фактичка состојба да донесе правилна и законита одлука. Ваквите недостатоци го прават решението нејасно и неразбирливо, па поради таквите недостатоци не може да се испита“, стои во пресудата на Управниот суд.

Во пресудата се додава дека судот смета дека има потреба од „повторно постапување и одлучување по предметот, при што тужениот орган (ДЗЛП) е должен да ги отстрани сите повреди на постапката на кои укажува судот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...