fbpx

Осум избирачки места од дијаспората ќе бидат затворени поради недоволно гласачи

-

Бидејќи бројот на македонските гласачи во Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин и Тел Авив е помал од 10 лица на секое избирачко место, а во согласност со Изборниот законик, во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии нема да се спроведе гласање на предвремените парламентарни избори на 11 декември, информираат од Државната изборна комисија.

– Граѓаните што се пријавиле за гласање во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии, своето право на глас ќе можат да го реализираат на нивните избирачки места според адресните податоци во Република Македонија – информираат од ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...