fbpx
Таг: ДИК

таг: ДИК

Бејли и Гарет го поздравија изборот на ДИК и повикаа да се пријавуваат злоупотребите

Амбасадорот на САД, Џес Бејли, и амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздравија назначувањето на експертите во ДИК. „Важен чекор во договарање на конечните три члена на Државната изборна комисија. Нејзината прва задача е назначување на професионален генерален секретар. Останува уште многу работа. Ја повикувам власта, јавната администрација, невладините организации, граѓаните целосно да ја поддржат...

Лидерите го повикаа Собранието да ги назначи членовите на ДИК

Лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино, во заедничката писмена изјава го поздравија денешниот договор за целосниот состав на ДИК и го повикаа Собранието да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски за независни експерти во ДИК. „Го покануваме Собранието да ги финализира неопходните постапки што е можно побргу, за комисијата да почне со својата работа и да ги преземе...

Ванхауте: Сите беа конструктивни, но има уште многу да се сработи до изборите

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте го поздрави денеска постигнатиот договор за експертите во ДИК. - Многу сум задоволен што можам да ве информирам дека лидерите на политичките партии постигнаа договор за ДИК. Се надевам дека наскоро ќе почне да работи, да избере генерален секретар. Можам да кажам дека сите партии беа конструктивни – рече Ванхауте. Олеснувачот, сепак, нагласи дека до изборите има...

Лидерите се договорија за експертите во ДИК

Заврши лидерската средба во Клубот на пратеници, на која лидерите на четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино, разговараа за изборот на експерти во Државната изборна комисија и за медиумските реформи. Како што дознава „Мета“, лидерите, наводно, постигнале договор за ДИК и се очекува писмено соопштение. Неофицијално дознаваме дека партиите се согласиле за експертите Атанас Урумов, Александар Чичаковски и...

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници, на која лидерите на четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино, треба да разговараат за изборот на експерти во Државната изборна комисија и за медиумските реформи. На лидерската средба, заедно со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи, се и американскиот...

Лидерите денеска треба да го откочат Договорот од Пржино

Лидерите на четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, денеска треба да се сретнат и да разговараат за исполнување на Договорот од Пржино. Според најавите на партиите, се очекува лидерите да разговараат за прашањата што се закочени, а кои произлегуваат од Договорот од Пржино. Изборот на тројца експерти - членови на Државната изборна комисија и медиумските реформи треба да бидат во...

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно е дека СДСМ сака да се одложат изборите

Според индиректна потврда што ја добивме со изјава на лидерот на ЛДП, Горан Милевски, повеќе од очигледно е дека СДСМ сака изборите да се одложат, брифираа од ВМРО-ДПМНЕ. Тие сметаат дека процесот за избор на членови експерти на Државната изборна комисија е закочен затоа што ниту еден кандидат не е прифатлив за СДСМ. Како што велат, постигнат бил договор за двајцата членови...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокира експерти за ДИК кои објавуваат статуси на „Фејсбук“

Закочен е процесот за избор на експерти во Државната изборна комисија. Не се проблем само имињата, туку партиите имаат различен концепт за тоа што значи Договорот од Пржино, брифираат извори од преговарачкиот процес за „Мета“. Според нашите информации, за СДСМ не е прифатливo експертите да бидат избрани со амин од политичка партија. Извори од СДСМ велат дека од 40 пријавени...

Бејли загрижен поради пробивањето на рокот за ДИК

Американскиот амбасадор Џес Бејли изрази загриженост поради повторното пробивање на роковите предвидени со Договорот од Пржино. - Загрижен сум поради пропуштениот рок за назначување на Државната изборна комисија (ДИК). Независноста, искуството и експертизата треба да бидат критериум за избор на непартиските претставници – напиша американскиот амбасадор на социјалната мрежа „Твитер“. Бејли истакна дека ДИК треба да заврши многу работи до април...

Сите сакаат свои експерти во ДИК

Партиите потписнички на Договорот од Пржино и денеска ќе продолжат со преговорите во работните групи, кои се одржуваат во Клубот на пратеници, за да ги решат проблемите што се појавија во врска со изборот на членови на Државната изборна комисија. Преговорите за медиумите сè уште се на пауза. Европската унија е загрижена поради застојот во спроведување на Договорот од Пржино, изјави амбасадорот на Европската унија...

Mедиумите на пауза додека не се договори ДИК

Партиите потписнички на Договорот од Пржино денеска ќе продолжат со преговорите во работните групи, кои се одржуваат во Клубот на пратеници, за да ги решат проблемите што се појавија во врска со изборот на членови на Државната изборна комисија. Тоа, пак, ги одложи преговорите на работните групи за медиумите, за кои денеска до пладне немаше закажано средба. Според последните информации, стеснет е кругот на...

Роковите се стеснуваат, ќе успее ли ДИК да го подготви теренот за фер избори во април

Уште точно 138 дена има до предвремените парламентарни избори закажани на 24 април идната година, а политичките партии сè уште не се договориле за изборот на членовите на Државната изборна комисија. Партиите предложија членови, но не можат да се договорат околу експертите кои треба, исто така, да членуваат во највисокото изборно тело. Според Договорот од Пржино, ДИК треба да ја сочинуваат девет члена,...

ДИК заглави во изборот на независни експерти

Партиите имаат проблем да се договорат за имињата на експертите кои треба да седнат на столчињата во Државната изборна комисија. Како што дознава „Мета“, сите членови - експерти за кои досега се разговарало, биле блиски или до власта или до опозицијата, што го ставало во прашање работењето и непристрасноста на комисијата. Од извори блиски до преговарачите дознаваме дека партиите лобирале кај...

Партиите не можат да се договорат ниту за експертите во ДИК

Се намалуваат шансите утре Собранието да ги изгласа членовите на Државната изборна комисија, направена по теркот на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, дознава „Мета“. Според нашите информации, партиите не можат да се договорат за имињата на тројцата експерти што ќе бидат членови на комисијата. Инаку, според договорот, денеска требаше да бидат познати имињата на експертите, а утре да се...

Државата се задолжи за 73 милиони евра

На денешната аукција на државни записи и обврзници, државата се задложи со 73,63 милиони евра. Беа понудени хартии од вредност во износ од 94,56 милиони евра, но интересот на инвеститорите беше помал. Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, се обиде да го употреби законското право и да не се согласи со најавенoто ново задолжување на граѓаните од 100 милиони евра на домашниот...

ДИК даде зелено светло за задолжувањето

Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница одлучила дека емисијата од државни хартии од вредност и од државни записи од страна на Министерството за финансии не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и на кадровски прашања поврзани со организација на изборите, соопштија од ДИК. Во соопштението на ДИК е наведено дека нивната одлука е конечна. Од...

Собраниска комисија за утврдување листа за членови на ДИК

Собраниската комисија за прашања на изборите и на именувањата денеска треба да утврди листа на пријавени кандидати по одлуката за објавување на јавниот оглас за избор на претседател и на членови на Државната изборна комисија. Според информациите од Собранието, на огласот, што заврши во понеделникот, се пријавиле педесетина кандидати. На дневен ред на оваа комисија е и утврдување на предлог за...

Рилкоски: Не сум оптимист дека бројни слабости ќе бидат отстранети до изборите

Во сите претходни изборни циклуси се детектирани бројни слабости, но не сум оптимист дека тие во целост ќе бидат отстранети за претстојните парламентарни избори, кои ќе се одржат наредната година, вели претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски. - Ненавремениот увид во избирачките списоци, влијанието и притисоците од политичките партии врз гласачите и членовите на избирачките одбори, притисоците и манипулациите...

Собранието ќе распише оглас за избор на членови на ДИК

Пратениците денеска на пленарна седница ќе треба да ја одобрат одлуката за Собранието да распише оглас за избор на членови на Државната изборна комисија. Во составот на Државната изборна комисија, според новиот Изборен законик, треба да има тројца членови од власта, тројца од опозицијата и тројца експерти. Сите заинтересирани кандидати пријавата за учество и лична биографија, како и потребните документи, оригинал...

На избирачкиот список ќе има и фотографии од гласачите?

На избирачкиот список ќе има фотографии од гласачите, а со тоа ќе се спречи еден гласач да гласа двапати. Ова е едно од прашањата за кои се согласиле партиите на вчерашните средби на работните групи, информираат од СДСМ. Од партијата велат и дека во предлогот за изборниот законик пишувало дека ќе има неограничена теренска проверка на избирачкиот список, секаде каде...

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...