fbpx
Таг: ДИК

таг: ДИК

Денеска нова средба на работните групи за изборната регулатива

По три дена пауза, денеска во 13.30 часот повторно е закажана средба на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, дознава „Мета“. Oлеснувачот Питер ван Хојте на средбата треба да достави нацрт-предлог на изборниот закон, кој ќе го презентира пред претставниците на политчките партии. „Мета“ дознава дека договорен е само изборот и начинот на одлучување на државната изборна комисија,...

Денеска нов обид за усогласување на ставовите за изборното законодавство

По еден ден пауза, денеска, во Клубот на пратеници, се очекува да продолжат разговорите за изборното законодавство и за избирачкиот список. Како што најавија вчера членови на опозицијата, денеска се очекува странците да достават готова верзија на изборниот законик, а партиите да се изјаснат. Иако од партиите информираат дека поголемиот дел прашања се затворени, тие сè уште не можат да постигнат...

Денеска истекува рокот за договор за изборна регулатива

Денеска е последниот ден од рокот за работните групи да постигнат договор за изборната регулатива, како што е предвидено со Договорот од Пржино. Како што информираат од партиите учеснички во преговорите, работните групи последната средба ја имале во неделата, но не бил постигнат никаков договор. Единствено нешто за што досега партиите се согласиле е членството на Државната изборна комисија (ДИК) да има...

Општина Карпош: СДСМ се најголемите лажговци на политичката сцена

„Најголемите лажговци на политичката сцена во Македонија, Социјалдемократскиот сојуз предводен од Бранко Црвенковски и од Зоран Заев, не престанаа да се занимаваат со кражби. Овојпат, измислија кражба на зеленилото во Карпош. Наводно, Општината ќе им ги украла зеленилото и дрвјата на граѓаните и тоа, ни помалку ни повеќе, преку урбанистички план“, реагираат од Општина Карпош на прес-конференцијата на советничката...

Хојте се врати од викенд, продолжуваат средбите на работните групи

Денеска, во 13 часот, во Клубот на пратеници ќе продолжат средбите на работните групи за изборното законодавство. Како што информираат претставници на политичките партии, кои се учесници во работните групи, деновиве не се очекува да се постигне договор. Крајниот рок за постигнување договор за изборното законодавство е 6 октомври, а договор се очекува да се постигне исто како и за...

Британски експерт ќе ни ги решава проблемите со медиумите

„Интересна средба“, беше кусиот коментар на олеснувачот на преговорите на партиите потписнички на Договорот од Пржино, Питер ван Хојте, за денешните разговори за состојбата во медиумите. Како што дознаваме, двајцата претставници на владејачката структура во работните групи, Билјана Бришковска од Министерството за правда и Артан Груби од ДУИ, предвреме го напуштиле состанокот. Инаку, на почетокот на средбата, своја презентација за...

Повторно протест пред Собрание, граѓаните бараат измена на Законот за амнестија

Граѓанската иницијатива за донесување закон за амнестија на осудениците и денеска протестира пред Собранието. Како што велат граѓаните што протестираат, Владата има време до утре да испрати известување до Државната изборна комисија дека треба да дозволи да се соберат 10.000 потписи за да се поднесе амандман до Собранието за измена на Законот за амнестија. Една од измените што оваа граѓанска иницијатива ќе...

Бадентер влегува во ДИК?

Денеска се очекува да се постигне целосен договор околу составот и изборот на ДИК. Според нашите информации од политичките партии, прифатлив е предлогот на ДУИ, со Бадентерово мнозинство да се носат одлуките во новоизбраната Државна изборна комисија. Веќе е познато дека најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ, според кој тие ќе...

Ван Хојте: Многу сме блиску до договор

Денеска разговаравме за изборните закони и морам да кажам дека има сериозен напредок, изјави белгискиот експерт Питер ван Хојте, по завршувањето на средбата на работните групи на која се разговараше за Изборниот законик. Како што вели тој, разговорите изминативе неколку дена биле многу продуктивни и конструктивни како и преговарачите кои давале огромен напор за да се постигне резултат. Ван Хојте...

Работните групи ќе се договараат за избирачкиот список

Работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, денеска, повторно во Клубот на пратеници ќе се обидат да најдат решение за спорните точки поврзани со предвремените парламентарни избори закажани за април 2016 година. Како што објави „Мета“ најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ според кој тие ќе се...

Работните групи се договорија за изборот на членови на ДИК

Работните групи на политичките партии потписници на Договорот од Пржино денеска постигнаа договор за избор на членови на ДИК. Тие го прифатиле предлогот на СДСМ, составот на ДИК да биде оформен по формулата 3+3+3, односно тројца членови предложени од опозицијата, тројца од власта и тројца експерти избрани со двотретинско мнозинство од парламентот, дознава „Мета“ од извори од работните групи. Како што...

Активната регистрација договорена, на маса Македонија како една изборна единица

Почна денешната средба на претставниците на работните групи во Клубот на пратениците на која се очекува да се дојде до некое решени околу регистрацијата на избирачите во Избирачкиот список. Најверојатно ќе се прифати решението за активна регистрација на гласачите, а СДСМ исто така денеска ќе предложи Македонија да биде една изборна единица. Претставници од СДСМ во работните групи денеска ќе бидат...

Изборен законик, ДИК, дијаспора: Што бараа, а што ќе договорат партиите?

По завршувањето на последната средба на работните групи за спроведување на Договорот од Пржино во делот за  околу изборното законодавство, ДИК, избирачкиот список, гласањето на дијаспората, неофицијални извори од преговарачки тимови брифираа дека е постигнат „некаков напредок“ за избирачкиот список и дека денеска би можело и да се очекува официјална изјава од преговарачките тимови. Во меѓувреме во медиумите се појавија низа...

Денеска нова средба на работните групи и надеж за договор

Договор меѓу политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, според најавите од учесниците во работните групи, би требало да има денеска, на средбата која ќе почне во 15 часот, во Клубот на пратениците во Скопје. Прашањето за избирачкиот список, како што дознава „Мета“ е речиси договорено, а се уште има мали несогласувања околу начинот на гласањето на дијаспората. Граѓанската организација МОСТ вчера беше повикана...

Утре конечно договор за избирачкиот список, за ДИК и за дијаспората?

Договор меѓу политичките партии потписници на Договорот од Пржино најверојатно ќе има утре, дознава „Мета“ од извори во работните групи. Прашањето за избирачкиот список е речиси договорено. Има само мали несогласувања околу начинот на гласањето на дијаспората. Граѓанската организација МОСТ била повикана на денешната средба на работните групи за да направи презентација на можноста за активна регистрација на гласачите. - Бевме само повикани...

Заврши првата средба на работната група по одморите

Заврши средбата на членовите на работната група. Претставниците на партиите не дадоа изјава, ниту пак кажаа дали на овој состанок постигнале некаков напредок. Тема на денешните разговори требаше да биде Државната изборна комисија и Изборниот законик. Претставници од СДСМ беа Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваа Артан Груби и Муса Џафери, додека...

Работните групи одморени почнаа нови средби за ДИК

По паузата за летни одмори, работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, пред малку повторно седнаа за заедничка маса. Како што се дознава, тема на денешните разговори ќе биде Државната изборна комисија и Изборниот закон. Претставници од СДСМ се Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, а од ВМРО-ДПМНЕ се Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби...

Денеска продолжуваат средбите на работните групи

Денеска  треба да продолжат средбите на работните групи на четирите партии - потписнички на Договорот од Пржино. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе разговараат за изборниот процес, а на дневен ред се прочистувањето на избирачкиот список, предлогот за активна регистрација, гласањето на дијаспората и надлежностите на Државната изборна комисија (ДИК). Се очекува и да се отвори и прашањето за специјалниот јавен обвинител....

Рилкоски: Од политичките партии и од странците побаравме непартиски и проширен состав на ДИК

„Од претставниците на политичките партии и од претставниците на ЕУ, побаравме целосна деполитизација на ДИК, со тоа што партиите нема да предлагаат, барем јавно, свои кандидати. Исто така, побаравме зајакнување на капацитетот на ДИК, барем со тројца професионалци – стручни лица, најдобро би било да се судии. Ако на ДИК ѝ се даваат поголеми овластувања и ингеренции, тогаш треба да...

Рилкоски на состанокот на работните групи

Работните групи на најголемите политички партии за спроведување на Договорот од Пржино најверојатно денеска ќе разговараат за поставеноста на Држваната изборна комисија (ДИК), судејќи по тоа што на состанокот во Клубот на пратеници присуствува и претседателот на комисијата, Никола Рилкоски. Партиите ги претставуваат истите членови на работните групи. Од СДСМ претставници се Радмила Шекеринска и Дамјан Манчевски, на кои денеска им...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...