fbpx

Рилкоски: Од политичките партии и од странците побаравме непартиски и проширен состав на ДИК

-

„Од претставниците на политичките партии и од претставниците на ЕУ, побаравме целосна деполитизација на ДИК, со тоа што партиите нема да предлагаат, барем јавно, свои кандидати. Исто така, побаравме зајакнување на капацитетот на ДИК, барем со тројца професионалци – стручни лица, најдобро би било да се судии. Ако на ДИК ѝ се даваат поголеми овластувања и ингеренции, тогаш треба да биде и кадровски зајакната.“

Ова за „Мета“ го изјави претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски, кој вчера, заедно со целиот состав на ДИК, учествуваше на состанокот на работните групи на најголемите политички партии за спроведување на Договорот од Пржино.

– Од наша страна, покренавме четири прашања. Најнапред, тоа околу ДИК, нејзиниот состав и мандат. Потоа, за гласањето на дијаспората, начинот на постапување со приговорите, како и тоа за избирачкиот список, односно вкупниот број запишани гласачи. Нашите намери се подобрување на работата и на ефикасноста на ДИК – изјави за „Мета“ претседателот на комисијата, Никола Рилкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...