Бејли загрижен поради пробивањето на рокот за ДИК

-

Американскиот амбасадор Џес Бејли изрази загриженост поради повторното пробивање на роковите предвидени со Договорот од Пржино.

– Загрижен сум поради пропуштениот рок за назначување на Државната изборна комисија (ДИК). Независноста, искуството и експертизата треба да бидат критериум за избор на непартиските претставници – напиша американскиот амбасадор на социјалната мрежа „Твитер“.

Бејли истакна дека ДИК треба да заврши многу работи до април и оти времето е кратко.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел поставил експлозиви во илјадници пејџери кои експлодираа во Либан вчера

Израел стои зад вчерашниот напад во Либан во кој илјадници пејџери на членови на Хезболах истовремено експлодираа, открива Ројтерс и пренесува Би-би-си. Деветмина загинаа и најмалку 3.000 луѓе беа повредени...