Амбасадорот на САД, Џес Бејли, и амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздравија назначувањето на експертите во ДИК.
„Важен чекор во договарање на конечните три члена на Државната изборна комисија. Нејзината прва задача е назначување на професионален генерален секретар. Останува уште многу работа. Ја повикувам власта, јавната администрација, невладините организации, граѓаните целосно да ја поддржат ДИК и да пријавуваат проблеми и злоупотреби“, напиша амбасадорот Бејли.
Important step in agreement final 3 members of State Election Commission. Its first task: name professional Secretary General.
— Amb. Jess Baily (@AmbBaily) December 15, 2015
Lots of work ahead; Urge government, civil servants, NGOs, citizens to give Election Commission full support, report problems or abuses. — Amb. Jess Baily (@AmbBaily) December 15, 2015
Британскиот амбасадор Гарет оцени дека назначувањето на членовите на ДИК е добра вест и порача дека овие избори треба да бидат поинакви од досегашните.
„Добра вест. Владата и другите институции да ѝ дадат целосна поддршка на #ДИК. Сите граѓани и граѓанскиот сектор да пријаваат до #ДИК какви било злоупотреби што ќе ги видат. Овојпат треба да биде поинаку“, напиша амбасадорот Гарет.
Добра вест. Владата и другите институции да ѝ дадат целосна поддршка на #ДИК https://t.co/wnaDkQK274
— Charles Garrett (@BritAmbCGarrett) December 15, 2015
Сите граѓани и граѓ сектор да пријават до #ДИК какви било злоупотреби што ќе ги видат. Овојпат треба да биде поинаку https://t.co/wnaDkQK274 — Charles Garrett (@BritAmbCGarrett) December 15, 2015