fbpx

Собраниска комисија за утврдување листа за членови на ДИК

-

Собраниската комисија за прашања на изборите и на именувањата денеска треба да утврди листа на пријавени кандидати по одлуката за објавување на јавниот оглас за избор на претседател и на членови на Државната изборна комисија.

Според информациите од Собранието, на огласот, што заврши во понеделникот, се пријавиле педесетина кандидати.

На дневен ред на оваа комисија е и утврдување на предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Седница денеска ќе одржи и Комисијата за одбрана и за безбедност, на која на дневен ред се предлог-одлуки за испраќање припадници на АРМ во мировните операции „Одлучна поддршка“ во Авганистан и „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...