fbpx

ДИК даде зелено светло за задолжувањето

-

Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница одлучила дека емисијата од државни хартии од вредност и од државни записи од страна на Министерството за финансии не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и на кадровски прашања поврзани со организација на изборите, соопштија од ДИК. Во соопштението на ДИК е наведено дека нивната одлука е конечна.

Од опозицискиот СДСМ на ова реагираат дека актуелниот состав на ДИК, чиј законски мандат истекол на 8 ноември, донел политички диригирана одлука на штета на граѓаните.

„Одлуката на ДИК е очекувана и водена од политичкиот интерес на власта. По која правна логика или законски акт ДИК донесе ваква одлука? Како може правото на вето на дополнителниот заменик-министер да биде почитувано кога се работи за задолжување на меѓународен план, а да не важи за задолжувањето кај домашните банки? Истакнуваме дека до следната аукција на државни хартии од вредност, закажана на 15 декември 2015 година, доспеваат за враќање 61 милион евра“, реагираат од СДСМ.

Во нивното соопштение пишува дека банките како најголеми доверители мораат да имаат предвид дека утрешната и сите наредни аукции на државни хартии од вредност, кои немаат согласност од дополнителниот заменик-министер за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг.

Додаваат и дека секое задолжување, поголемо од износот потребен за враќање на доспеани долгови врз основа на државни хартии од вредност во наредните закажани аукции, СДСМ ќе го третира како можност за злоупотреба на средства за изборни манипулации, лично од страна на премиерот Никола Груевски.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека пропаднал обидот на СДСМ да ги спречи исплатите на пензии и на социјална помош.

„СДСМ не успеа да ги казни пензионерите, социјалните случаи и сите што не ги поддржуваат нивните деструктивни политики. СДСМ сакаше да ја види Македонија на колена и да ја доведе во неизвесност егзистенцијата на 300.000 пензионери и на примателите на социјална помош“, велат од владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...