fbpx

Mедиумите на пауза додека не се договори ДИК

-

Партиите потписнички на Договорот од Пржино денеска ќе продолжат со преговорите во работните групи, кои се одржуваат во Клубот на пратеници, за да ги решат проблемите што се појавија во врска со изборот на членови на Државната изборна комисија.

Тоа, пак, ги одложи преговорите на работните групи за медиумите, за кои денеска до пладне немаше закажано средба.

Според последните информации, стеснет е кругот на кандидати за трите експертски места во Државната изборна комисија, од речиси четириесетина аспиранти – претставниците на партиите потписнички на договорот од Пржино – до десетина потенцијални членови со кои треба да се комплетира ДИК.

Како што дознава „Мета“, сите членови – експерти за кои досега се разговарало биле блиски или до власта или до опозицијата, што го ставало во прашање работењето и непристрасноста на комисијата.

Од извори блиски до преговарачите дознаваме дека партиите лобирале кај експертите што досега се пријавени за да ги придобијат на своја страна.

Според Договорот од Пржино, експертите треба да бидат прифатливи за сите политички партии што го потпишаа овој договор.

Како што брифираат извори од преговарачките групи, проблемот со експертите се јавува затоа што со новиот Изборен закон договорен на средбите на работните групи, надлежностите на ДИК се зголемени. Освен одлуките што ДИК ќе треба да ги носи за време на изборите, комисијата има надлежност да одлучува и за ветата на дополнителните министри и заменици-министри поставени во неколку министерства.

Своите членови на ДИК, партиите ги предложија уште минатата недела. Виолета Дума, која и сега е актуелен член на ДИК, и Игор Милев се предлози на СДСМ, а Силана Бонева и Сашо Срцев, исто така актуелен член на ДИК, се предлози на ВМРО-ДПМНЕ. Субхи Јакупи од ДУИ и Бедредин Ибраими од ДПА се, исто така, актуелни членови на највисокото изборно тело во државата.

Во составот на ДИК има девет члена, тројца предложени од позицијата, тројца предложени и поддржани од опозицијата и тројца членови од редот на експертите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...