fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно е дека СДСМ сака да се одложат изборите

-

Според индиректна потврда што ја добивме со изјава на лидерот на ЛДП, Горан Милевски, повеќе од очигледно е дека СДСМ сака изборите да се одложат, брифираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие сметаат дека процесот за избор на членови експерти на Државната изборна комисија е закочен затоа што ниту еден кандидат не е прифатлив за СДСМ.

Како што велат, постигнат бил договор за двајцата членови Македонци, но СДСМ не се сложиле со името на експертот Албанец кој бил избран од ДУИ и од ДПА.

– Досега со помош на неколку методологии доаѓавме до потесен избор на кандидати, но СДСМ секогаш во последен момент се повлекуваше и ја одбиваше методологијата. Последното нешто што се случи вчера е тоа што СДСМ предложи две имиња на Македонци експерти кои ние ги прифативме. Договорот беше ДУИ и ДПА да изберат експерт Албанец, за кој ние и СДСМ принципиелно требаше да го прифатиме. Првиот кандидат избран од двете албански партии, и покрај договорот, СДСМ го отфрли со образложение дека бил вмровец. Иако албанските партии реагираа на таа одлука на СДСМ, тие беа конструктивни и предложија нов кандидат, но СДСМ ниту него не го прифати. Тие предложија да се објави нов оглас само за експерт Албанец. Албанските партии на оваа реагираа затоа што, како што рекоа, има доволно кандидати и нема потреба да се распишува нов оглас. Моментлно работата е закочена, но ние ќе се обидеме и преку билатерални средби да постигнеме некаков договор – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија брифираат дека нема да се согласат странците да предложат конкретни решенија, односно имиња и велат дека Собранието ќе носи одлуки врз основа на суверенитетот добиен од граѓаните. Додаваат дека странците многу помогнале, но дека „има црвена линија која некогаш мора да се повлече“.

За ВМРО-ДПМНЕ, исто така, е неприфатливо какво било одложување на изборите затоа што кризата предолго траела и негативно влијаела на економската состојба и на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...