fbpx
Таг: ДИК

таг: ДИК

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја прифатија методологијата на ДИК

ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата за прочистување на избирачкиот список и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија ја подготвила, соопштија од владејачката партија. „ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги преземе сите неопходни активности за спроведување фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ...

Денеска работните групи ќе разговараат за избирачкиот список

Денеска, во 16.30 часот, во Клубот на пратеници работните групи ќе одржат средба со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. На средбата ќе се разговара за прочистувањето на избирачкиот список. До почнувањето на средбата, партиите ќе треба да ги достават своите мислења и коментари за методологиите изработени од Државната изборна комисија. И на вчерашната средба, работните групи разговараа за прочистувањето на избиртачкиот список, а...

Чичаковски: Темелна проверка на избирачкиот список не е можна до 24 април

Избори на 24 април технички може да се спроведат, но не и темелна проверка на избирачкиот список. Ова го пишува во изјавата која претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски им ја подели на политичките партии кои во Клубот на пратеници разговараат за изборниот процес. „На прашањето дали избори на 24 април може да се спроведат, мојот одговор е дека...

Александар Чичаковски (ДИК): Не разговарам со новинари

Европратеникот Ричард Ховид и еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, добиле две различни изјави за подготвеноста и за состојбата на Државната изборна комисија за изборите планирани за 24 април. Сакајќи да дознаеме која од двете изјави е точна и дали претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, на двајцата европски претставници им дал различни мислења, го побаравме на телефон. Тој само...

Заев: Без прочистен избирачки список и без договор за медиумите, не се можни фер избори

Спроведувањето на Договорот од Пржино и шансите за фер и слободни избори биле тема на средбата меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, одржана попладнево, соопшти СДСМ. „Без прочистен избирачки список и без обезбедување механизми за професионално известување на медиумите, не се можни фер и демократски избори“, рекол Заев на средбата. На средбата, како што...

Виолета Дума останува член на ДИК

Собранието на денешната седница не ја разреши Виолета Дума, член на ДИК од СДСМ, затоа што не се обезбеди мнозинство од 82 пратеника. За предлогот за нејзино разрешување гласаа 48 пратеници, 25 беа против, а 14, иако беа во салата, не гласаа. Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се повикуваат на Изборниот законик и на автентичното толкување на законот, Дума ги...

ДИК ги информираше европратениците за активностите на комисијата

Членовите на Државната изборна комисија денеска одржаа работна средба со тројцата членови на Европскиот парламент – Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, соопштија од ДИК. Претставниците на Европскиот парламент, како што се наведува во соопштението, се интересирале за активностите што се преземени од Државната изборна комисија и за предизвиците со кои таа се соочува. „Од Државната изборна комисија беа информирани дека...

Бриселската тројка без изјави по средбата со Заев

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан денеска одбија да дадат каква било изјава по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, наведувајќи дека тоа ќе го направат утре, откако тоа ќе завршат сите предвидени средби. Бриселската тројка по средбата во седиштето во СДСМ се упати кон Канцеларијата на Европската комисија во Скопје, каде, според најавите, тројцата европратеници треба...

Бриселската тројка ќе го откочува Договорот од Пржино

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска напладне ќе ги почнат средбите со претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино, соопштуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје. За време на посетата, европратеничката тројка, која заедно со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, посредуваше при носењето на Договорот, ќе се сретне и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева...

Европратениците ќе имаат одвоени средби со политичките лидери, Јанева и со ДИК

Европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел в понеделник ќе имаат одвоени средби со потписниците на Договорот од Пржино, но сè уште не се знае дали ќе се одржи и заедничка средба со нив, дознава „Мета“. Европратеничката тројка, која заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваше во постигнувањето на договорот, со политичките лидери ќе разговараат за целосното спроведување на договорот,...

СДСМ: Бегаат од теренска проверка тие што сместувале 40 лица во еден стан

Неопходна е теренска проверка на избирачкиот список за да почне да се враќа довербата во изборниот процес, велат од СДСМ за правилниците за методологијата која од Државната изборна комисија им се доставени на партиите на усогласување. - Од теренска проверка бегаат тие што сместувале 40 лица во стан од исто толку квадрати и тие што организирале исти луѓе да гласаат по неколкупати....

Повторно блокирана работата на ДИК, се скараа за генерален секретар

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се скараа за изборот на генерален секретар на Државната изборна комисија. Опозицискиот СДСМ, преку соопштение, ја обвини владејачката партија дека намерно ги одолжува договорените рокови и со тоа го прекршува Договорот од Пржино. „На синоќешната седница на ДИК, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ побараа одложување на изборот на генерален секретар на ДИК, во моментите кога требаше да се одлучи...

ДИК денеска ќе ја разреши Виолета Дума, замената ќе се бара на јавен оглас

На седница на Комисијата за прашања на избори и на именувања, денеска ќе биде разрешена Виолета Дума, неодамна избрана за член на Државната изборна комисија. Како што објасни претседателот на оваа комисија, Зоран Илиоски, разрешувањето е поради тоа што Дума ги исполнува условите за заминување во старосна пензија. За пополнување на местото член на ДИК на предлог на СДСМ ќе...

Цветанка Иванова на местото на Виолета Дума во ДИК?

Комисијата за избори и за именувања на утрешната седница ќе донесе одлука Виолета Дума да ја напушти функцијата поради исполнување услови за старосна пензија. На нејзино место, социјалдемократите најверојатно ќе ја предложат поранешната пратеничка Цветанка Иванова, објави „Телма“. Претседателот на собраниската комисија, Зоран Илиоски, изјави дека одредбите од Изборниот законик се јасни. Доколку еден член ги исполнува условите за пензија, како...

Заев: На избори само со гаранции од ДИК и од Хан

Избори на 24 април 2016 година ќе се одржат само ако се гарантира дека тие ќе бидат фер и демократски, изјави за „Мета“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според него, цврсти гаранции дека се исполнети условите за демократски избори треба да даде Државната изборна комисија. Тој вели дека само таа е надлежна да објасни дали во периодот што преостанува има време да...

ДИК купува таблет-компјутери од 700 евра

Државната изборна комисија ја избра понудата на фирмата „Адванс медија“ за набавка на таблет-компјутери за членовите на комисијата. Според договорот со фирмата, ДИК ќе купи 12 таблет-компјутери по цена од 44.000 денари без ДДВ или по 713 евра за еден таблет-компјутер. Првичната процената вредност на огласот објавен на електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) беше 255.000 денари без ДДВ, а сега, по...

Генералниот секретар на ДИК ќе се избира на јавен оглас

Утре во два печатени медиума треба да биде објавен јавен повик за избор на генерален секретар на Државната изборна комисија (ДИК). ДИК соопшти дека на вчерашната седница го усвоила правилникот за утврдување на начинот и на постапката за избор на генерален секретар на ова највисоко изборно тело. Претседател на ДИК е Александар Чичаковски, кој е магистер по правни науки, а работел како...

СДСМ поднесе тужба до Управен суд поради одлуката на ДИК за задолжувањето

СДСМ денеска поднесе тужба до Управниот суд поради незаконска одлука на стариот состав на Државната изборна комисија, соопштија од партијата. „Тужбата е поднесена поради ненадлежност на стариот состав на ДИК, чиј мандат е истечен на 8 ноември 2015 година. Исто така, тужбата е поднесена и поради тоа што самата одлука е целосно незаконски формулирана. Имено, во согласност со Законот за јавен долг, член 18,...

Кекеновски го доведува под сомнеж изборот на Бонева за член на ДИК

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски смета дека ВМРО-ДПМНЕ предложила погрешен човек за член на ДИК, бидејќи, како што вели, со изборот на Силвана Бонева е прекршен Изборниот законик. Кекеновски изразува чудење и неверување дека пратениците од опозицијата во Собранието на Република Македонија молчат и гласаат и не им текнува да го оспорат предлогот. Изборот на Бонева, Кекеновски го доведува под сомнеж по...

Новите членови на ДИК денеска ќе дадат свечена заклетва

Денеска, во 14 часот, пред пратениците во Собранието, новите членови на ДИК треба да дадат свечена заклетва. Членови од редот на експертите се Александар Чичаковски, кој ќе биде и претседател на комисијата, Реџеп Прекопуца кој ќе биде и потпретседател, и Атанас Урумов. Членови од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат Силвана Бонева и Сашо Срцев, од ДУИ - Субхи Јакупи, од СДСМ - Виолета Дума и Игор Милев, а од ДПА...

Повторно лажна „наградна игра“ со злоупотреба на КАМ маркети

КАМ маркет е честа мета на дезинформации за лажни „наградни игри“ кои се користат за различни цели и Вистиномер повеќе пати има разобличувано слични објави, каде како и во...