fbpx

ДИК ги информираше европратениците за активностите на комисијата

-

Членовите на Државната изборна комисија денеска одржаа работна средба со тројцата членови на Европскиот парламент – Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, соопштија од ДИК.

Претставниците на Европскиот парламент, како што се наведува во соопштението, се интересирале за активностите што се преземени од Државната изборна комисија и за предизвиците со кои таа се соочува.

„Од Државната изборна комисија беа информирани дека и покрај големото задоцнување во формирањето на Државната изборна комисија, за период од две недели се исполнети двата клучни приоритети: избор на генерален секретар и утврдување на двата правилника за проверка на избирачкиот список. Со преземањето на овие активности, Државната изборна комисија создаде претпоставки да може да почне со процес на кадровско екипирање и почнување на процесот на водење и на ажурирање на избирачкиот список“, стои во соопштението.

Претставниците на ДИК ги запознале европратениците дека процесот на кадровско екипирање и почнување на водење и на ажурирање на избирачкиот список е условено од усогласувањето на политичките партии и од надминување на институционалните и на нормативните предизвици.

„Европратениците беа известени од претставниците на Државната изборна комисија дека се почнати активности за подготовка на операциони планови за имплементација на двете методологии за проверка на избирачкиот список и дека се вршат и други активности во насока на обезбедување услови за спроведување фер и слободни избори“, стои во соопштението и се додава дека европарламентарците ја пренеле пораката дека ДИК е поставена пред сериозна задача, да спроведе избори според највисоки меѓународни стандарди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...