fbpx

Заев: На избори само со гаранции од ДИК и од Хан

-

Избори на 24 април 2016 година ќе се одржат само ако се гарантира дека тие ќе бидат фер и демократски, изјави за „Мета“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според него, цврсти гаранции дека се исполнети условите за демократски избори треба да даде Државната изборна комисија.

Тој вели дека само таа е надлежна да објасни дали во периодот што преостанува има време да се завршат сите договорени работи помеѓу политичките партии потписнички на Договорото од Пржино или не.

– Во првата половина на јануари во Македонија доаѓаат европратеници и еврокомесарот Јоханес Хан. Тогаш претставници на сите партии ќе имаме средба со него и ако одлучиме дека има шанси за фер процес, изборите ќе се одржат. Сепак, за тоа не може да одлучува само СДСМ. Ние сме само една од страните во процесот. Но, ако има цврсти гаранции дека договореното може да се испочитува, ние ќе учествуваме на избороте – ни изјави Заев.

Тој ги негира пишувањата на провладините медиуми дека во партијата веќе е донесена одлука да не се учествува на избори.

– Па, ние ги баравме и се изборивме за предвремени избори. Императив е, пак, тие да бидат фер и демокртски, а без прочистен избирачки список, кој може да го гарантира тоа? ДИК треба да каже дали има време да се направи споредба на податоците со новиот софтвер што треба да го набават и да се направи теренска проверка на повеќе од еден милион и 700.000 гласачи. Роковите, пак, за медиумите одамна се пробиени. Според договореното, 100 дена пред изборите, МРТВ, Агецијата за медиуми и МИА треба да бидат реформирани. А има ли време? Само за законските рокови за конкурси ќе треба да поминат повеќе од 30 дена – вели Заев за „Мета“.

Претседателот на СДСМ тврди дека сè уште не се екипирани ниту тимовите во министерствата што тие ги раководат.

– Нивните кабинети се без луѓе, што значи не можат да работат. Исто така, не функционира ниту Анкетната комисија за скандалот со прислушуваните материјали. Специјалното јавно обвинителство исто така не е екипирано. Многу работи не се средени. Како тогаш може да се очекуваат фер и демократски избори? СДСМ ќе учествува на изборите само ако сите овие договорени работи се исполнат – заклучува Заев во разговорт за „Мета“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...