fbpx

Цветанка Иванова на местото на Виолета Дума во ДИК?

-

Комисијата за избори и за именувања на утрешната седница ќе донесе одлука Виолета Дума да ја напушти функцијата поради исполнување услови за старосна пензија. На нејзино место, социјалдемократите најверојатно ќе ја предложат поранешната пратеничка Цветанка Иванова, објави „Телма“.

Претседателот на собраниската комисија, Зоран Илиоски, изјави дека одредбите од Изборниот законик се јасни. Доколку еден член ги исполнува условите за пензија, како што рече Илиоски, му престанува мандатот, а потоа се распишува оглас за работното место.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека целта на СДСМ е да се пролонгира изборниот процес и затоа предложиле кандидати за ДИК што не ги исполнуваат условите за вршење на функцијата.

ДИК сè уште нема избрано генерален секретар, кадровски и професионално не е екипирана, нема просторни услови, а не е усвоена ниту методолгија за прочистување на избирачкиот список.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...