среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: членови | 102 резултати

Албанската опозиција може да остане без член во Државната изборна комисија

декември 13, 2023

Владејачкото мнозинство во Комисијата за избори и именувања денеска го отфрли предлогот Абдуш Демири од партијата БЕСА да биде член на Државната изборна комисија. СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците се согласија околу оваа точка, по што претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска прочита дека се отфрла кандидатурата на Демири. „Зошто играте вакви игри, што ви […]

Тројца пријавени за две испразнети места во Судскиот совет, ќе се гласа на 13 јули

јули 5, 2023

Судскиот совет ја утврди кандидатската листа за избор на двајца нови членови на Судскиот совет, откако врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и апелацискиот судија Зоран Герасимовски поднесоа оставки од функциите. Двајца членови на Судскиот совет поднесоа оставки Формирана е и комисија која треба да го спроведе изборот на 13 јули. Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд […]

Речиси 70 отсто од германските инвеститори кои инвестирале во државата, повторно би го сториле истото

јуни 3, 2021

Речиси 70 отсто од германските инвеститори кои веќе инвестирале во државата, повторно би го сториле истото, покажува анкетата на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. „Резултатите не беа премногу изненадувачки, македонското стопанство е загрижено поради последиците кои ги предизвика пандемијата. Членовите на Македонско-Германското стопанско здружение посочија на проблеми кои се однесуваат на владеењето на […]

Собранието го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

јануари 26, 2021

Со 61 глас „за“, без против и без воздржани, Собранието на РСМ вчера ја усвои одлуката за избор на седумте члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. За членови на Комисијата со мандат од пет години избрани се Игор Јадровски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Неда Чаловска-Димовска, дипломиран правник од […]

Младинската организација „AIESEC“ регрутира нови членови

јануари 20, 2021

Младинската невладина и глобална организација AIESEC во моментов врши регрутација на нови членови и ги повикува сите млади кои сакаат да волонтираат и станат дел од организацијата која брои над 70 илјади активни членови, а е присутна во над 114 земји во светот. „Како организација, главниот фокус го ставаме во развивање на лидерскиот потенцијал кај […]

ВМРО-ДПМНЕ бара државна комисија за справување со пандемијата, Филипче вели дека го загрозуваат јавното здравје

октомври 21, 2020

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложила специјална државна комисија за справување со пандемија која ќе брои 11 члена, но овој предлот министерот за здравство Венко Филипче го одбил, информираше Антонијо Милошоски. Според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ оваа Комисија би ја сочинувале министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози тројца […]

Мрежата за заштита од дискриминација бара транспарентен избор на членови на КСЗД

септември 19, 2020

Мрежата за заштита од дискриминација остро ја осудува одлуката на Владата со која се одбива предлогот на граѓанските организации за транспарентна и инклузивна постапка за избор на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), информираат од таму. „Со оваа одлука, од една страна, Владата покажува дека има намера да назначува партиски кандидати […]

Вториот и третиот пензиски столб продолжуваат да растат и во услови на ковид-19

септември 15, 2020

И покрај предизвиците што ги наметна корона кризата, капитално финансираното пензиско осигурување кое е вториот сегмент според големината на активата во рамки на финанскиот систем, веднаш по банкарскиот сектор, остана стабилно и продолжи со својот раст, информираат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС Вкупните акумулирани средства во задолжителните и доброволните […]

Бројот на библиотеки во земјава со години ист, членството за три години опаднало за речиси 50.000

септември 4, 2020

Во Македонија лани имало вкупно 175 библиотеки со вкупно 82.928 зачленети лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на библиотеки во земјава со години е ист, а единствено се менува видот на библиотеките низ периодот, и тоа од специјализирани во друг вид библиотеки и обратно. Во споредба со 2016 година, лани се намалил […]

МАПАС: Истекува рокот за поднесување на Изјава за членовите со бенифициран стаж

ноември 19, 2019

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), информира дека истекува рокот за поднесување на Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд. Согласно законските измени од 2 септември годинава членовите на задолжителните пензиски фондови кои веќе стекнале стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година, […]

ЦГК: Управните и надзорните одбори на државните претпријатија полни со партиски членови

септември 11, 2019

Како членови на управните одбори во најголемите државни претпријатија се јавуваат многу политички кадри, секторски директори во други државни претпријатија, припадници на државната администрација, сметководители во приватни компании, секретари на училишта, педагози, психолози па и раководител на бензинска пумпа, сопственик на златарски дуќан итн. Ова го покажува истражувањето на 30 најголеми претпријатија во земјата „Право […]

Во Антикорупциска засукаа ракави, но не знаат од каде попрво да почнат

февруари 13, 2019

Новиот состав на Антикорупциска (Државна комисија за спречување на корупција – ДКСК) денеска почна со работа, но сè уште без дефиниран приоритет, туку ќе се разгледаат сите случаи, па тогаш новите антикорупционери ќе решат по кој редослед ќе ги решаваат. Како што објасни претседателката Билјана Ивановска, за новата комисија сите случаи се подеднакво важни, пренесува […]

МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределбата на пензиите

јануари 28, 2019

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), известува  дека во рамките на своите надлежности ќе соработува со надлежните институции заради заштита на интересите на членовите на пензиските фондови, поради скандалот со пензиите кој го откри Министерството за труд и социјална политика (МТСП). „Исто така, МАПАС ја известува јавноста дека ќе ги информира членовите за нивната […]

Антикорупциска: Комисија која од борец стана творец на корупција (визуелизација)

декември 3, 2018

Државната комисија за спречување на корупцијата беше формирана во 2002 година како клучно тело во спречување и справување со коруптивното однесување на носителите на функции и злоупотреби на јавните пари. Првиот состав на новото тело го оправда ентузијазмот и надежите – покрена неколку капитални случаи и единствениот антикорупциски предмет со судска разрешница – „Бачило“. Но, […]

ДИК денеска решава за оставката на Атанасов и за гласањето во странство

август 29, 2018

Државната изборна комисија (ДИК), денеска ќе решава за оставката на пратеникот од СДСМ, Петар Атанасов. Потоа ќе разгледува барања за добивање на овластувања за набљудување на Референдумот 2018, поднесени од неколку граѓански организации, помеѓу кои и ОДИХР. Исто така, ќе се разгледува Предлог Решение за утврдување и објавување на описите на избирачките места, како и […]

Членовите на ДИК и директорот на Статистика разговараа за подготовките за референдумот

август 22, 2018

Членовите на Државната изборна комисија денеска се сретнаа со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски со кого разговарале за подготовките околу претстојниот референдум на 30 септември. Од ДИК информираат дека тие разговарале за методолошко-информатичката обработка на избирачкиот список, за контролата при печатењето на изводите и посебните изводи на избирачкиот список и за внесот […]

Членовите на ДИК дадоа свечена изјава пред Џафери и го означија почетокот на работата

јули 30, 2018

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, потпретседателот Дитмире Шеху, членовите Елизабета Постоловска, Борис Кондарко, Јанаке Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салиу денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Дерковски рече дека како ДИК, почитувајќи ги законите и Уставот ќе постапат и ќе направат се што е во нивна надлежност за да успее […]

Членовите на ДИК денеска ќе стапат на функција

јули 30, 2018

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија денеска ќе даваат свечени изјави во Собранието по што ќе ја одржат првата седница. Членовите на ДИК беа избрани во средата со 100 гласа „за“ откако партиите се договорија привремениот состав на ДИК да биде избран по стариот модел односно со членови предложени од партиите со најмногу освоени гласови […]

Новите членови на ДИК ќе дадат свечена изјава во понеделник во 10 часот

јули 27, 2018

Собранието го презакажа давањето свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК за понеделник во 10 часот откако денеска беше одложено поради комеморативната седница во Приштина по повод смртта на активистот за албанските права, Адем Демаќи каде отпатува собранискиот спикер Талат Џафери. Новиот привремен состав на ДИК со 100 гласа „за“ помина експресно на седницата која […]

Одложени свечените изјави на новоизбраните членови на ДИК

јули 27, 2018

Собранието ја одложи свечената изјава на новоизбраните членови на Државната изборна комисија поради комеморативната седница во Приштина по повод смртта на активистот за албанските права, Адем Демаќи. Собранискиот спикер Талат Џафери веќе отпатувал за Приштина. Собранието дополнително ќе ја закаже активноста за свечените изјави на членовите на ДИК. Новиот привремен состав на ДИК со 100 […]

Страна 1 од 5