fbpx

Кекеновски го доведува под сомнеж изборот на Бонева за член на ДИК

-

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски смета дека ВМРО-ДПМНЕ предложила погрешен човек за член на ДИК, бидејќи, како што вели, со изборот на Силвана Бонева е прекршен Изборниот законик.

Кекеновски изразува чудење и неверување дека пратениците од опозицијата во Собранието на Република Македонија молчат и гласаат и не им текнува да го оспорат предлогот.

Изборот на Бонева, Кекеновски го доведува под сомнеж по неколку основи. Ако таа го завршила факултетот, најверојатно во 2011 година, тогаш не го исполнува условот од пет години работно искуство како дипломиран правник како што бара Изборниот законик.

Кекеновски вели дека дури и да завршила факултетот пред 2011 година, таа воопшто нема работно искуство како дипломиран правник.

Исто така, како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, таа е член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој е орган на партијата, а тоа не го дозволува и член 27, став 1, точка 3 на Изборниот законик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...