fbpx

Светски ден на мигрантите

-

Во светот се одбележува Меѓународниот ден на мигрантите. Генералното собрание на ОН во 2000 година го прогласи 18 декември за Меѓународен ден на мигрантите. На тој ден во 1990 година е усвоена Конвенцијата за заштита на правата на мигрантските работници и на членовите на нивните семејства.

Според официјалните податоци, во светот живеат околу 230 милиони мигранти.

Годинава овој датум има повеќекратно значење, бидејќи светот е соочен со најголемата мигрантска криза од Втората светска војна.

Во текот на 2015 година, загинаа голем број мигранти, околу 3.600, од кои повеќето во Средоземно Море во обид да стигнат до земјите од Европската унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...