недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Силвана Бонева | 19 резултати

ДИК прифати приговор на Беса, поништено гласањето на избирачко место во Гостивар

декември 16, 2016

Државната изборна комисија попладнево го прифати приговорот на Беса и го поништи гласањето на едно избирачко место во Гостивар каде што некој се потпишал на местото на Фатиме Сулејмани, што беше констатирано и од официјален графолог. – Со шест гласа „за“ и со три „против“ е усвоен приговорот на Беса. Констатирам дека ДИК има донесено решение гласањето […]

Бонева ги повлекла патните налози за јули и за август

октомври 17, 2016

Силвана Бонева ги повлекла сметките за патни трошоци за јули и за август што претходно веќе ги имала доставено до Државната изборна комисија, објави телевизија „Алсат М“. Ваквиот потег на Бонева следува откако пред неколку недели таа се најде на удар на јавноста, дека за шест месеци само за патни трошоци од ДИК добила 12.000 […]

Богоев: ВМРО-ДПМНЕ и Силвана Бонева изгубија усул во крадењето државни пари

септември 30, 2016

Перверзно, бескрупулозно, алчно и криминално е однесувањето на Силвана Бонева, блиската соработничка на обвинетиот криминалец Никола Груевски, со кое дрско им се потсмева на сиромашните во Македонија, вели пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев. – Силвана Бонева стана симбол за коруптивното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Додека 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, со помалку […]

Твитерџиите се инспирираа: Кога Бонева ја пали колата, цената на нафтата во пораст

септември 30, 2016

Силвана Бонева, член на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ, за шест месеци зела 12.000 евра за патни трошоци, објави вчера телевизијата „Алсат“. Бонева и кога беше пратеник во Собранието имаше натпросечни патни трошоци во споредба со другите колеги. Како пратеничката во Собранието, таа од државниот буџет само за патни трошоци за една година потроши 23.000 евра. […]

Силвана Бонева за патни трошоци од ДИК зела 12.000 евра

септември 29, 2016

Силвана Бонева од Државната изборна комисија за шест месеци зела 12.000 евра за патни трошоци, објави телевизија „Алсат“. Бонева вели дека исплатата е според законот. – Сè е исплатено согласно законот – вели Бонева. ДИК од декември до јуни на нејзините членови за патни трошоци им исплатила вкупно 25.000 евра. По Бонева, најмногу пари зел […]

„Медиумско-политичкиот циркус“ е секојдневие пред СЈО на Лаура Ковеси

август 25, 2016

Специјалното јавно обвинителство прави политички и медиумски циркус, изјави во понеделникот претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија (ДИК), Силвана Бонева, по излегувањето од зградата на СЈО. Бонева алудираше на новинарските екипи што ја чекаа, а кои, според нејзиното толкување, биле повикани од СЈО заради медиумско-политички циркус. „Телевизиски екипи се постојано пред канцелариите на Лаура Кодрута Ковеси (шефицата […]

Ибраимовски: Бев повикан во СЈО за изборните криминали на Јанкулоска во Шуто Оризари

август 22, 2016

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски, по сослушувањето во СЈО изјави дека бил повикан во врска со „криминалните избори во општината Шуто Оризари, односно во втората изборна единица“. Тој посочи дека му е драго што почнале да се докажуваат изборните криминали во изборната едница во којам како што нагласи, носител […]

СЈО прави медиумско-политички циркус, смета Бонева

август 22, 2016

Кога го гледав законот за Специјалното јавно обвинителство во Собранието, никаде немаше одредба дека предистражната постапка, која треба да биде тајна, ќе биде медиумски политички циркус, изјави претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија (ДИК), Силвана Бонева, денеска по сослушувањето во Специјалното јавно обвинителство. – Сите сме сведоци на тој циркус. Верувам дека тие што […]

Тачи по распитот во СЈО: Кога правото зборува, политиката треба да молчи

август 22, 2016

Кога правото зборува, политиката треба да молчи. Ова беше единствената изјава на лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, по распитот во Специјалното јавно обвинителство. Тачи во СЈО се задржа еден час, но не сакаше да каже повеќе детали за тоа во кое својство е повикан и за кои случаи беше испрашуван. Во СЈО сè […]

Тачи и Бонева пристигнаа во СЈО

август 22, 2016

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, и претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија, поранешната пратеничка Силвана Бонева, денеска во 11 часот пристигнаа во Специјалното јавно обвинителство, каде се повикани да дадат исказ за еден од случаите што ги води СЈО. Тачи и Бонева не дадоа изјава пред да влезат во просториите на СЈО […]

Новинарите и снимателите фаќаат бусија пред СЈО

август 22, 2016

Новинарските екипи и снимателите полека фаќаат бусија пред влезот на Специјалното обвинителство како што се зголемува „фрекфенцијата на лица“ (како што рече Катица Јанева) повикани да дадат исказ. Така, денеска, како што потврдија од двете партии, се очекува да се појават лидерите на ДПА и на Партијата целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Мендух Тачи и Самка […]

Бурна расправа во ДИК за извештајот за теренската проверка на гласачите

април 11, 2016

Презентирањето на извештајот за теренската проверка на спорните гласачи во ДИК, поминува во бурна расправа меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Тие поинаку ги толкуваат бројките од пополнетите и внесени прашалници од теренската проверка на 87.352 гласачи. Според Игор Милев, член на СДСМ во ДИК, многу од прашањата во анкетните листови се неодговорени и за […]

Списокот со спорни гласачи ДИК го објави на интернет

март 29, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го објави списокот на гласачи кои се проверуваат теренски по име презиме и адреса на живеење. Списокот е достапен на официјалната интернет страница. Доколку сакате да го преземете списокот кликнете тука. На вчерашната седница на ДИК со 5 гласа „за“ и 4 „против“ беше усвоен предлогот на членовите од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана […]

На ВМРО-ДПМНЕ во 2009 година не му требало помилување на изборниот криминал

февруари 24, 2016

Со 5 гласа „за“ и 4 „против“, Уставниот суд денеска ја прифати иницијативата претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности. Предложените измени доаѓаат во време кога Специјалното јавно обвинителство покрена истражна постапка за осум лица осомничени за изборни нерегуларности, меѓу кои поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, генералниот секретар Кирил Божиновски и градоначалникот […]

Кекеновски го доведува под сомнеж изборот на Бонева за член на ДИК

декември 18, 2015

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски смета дека ВМРО-ДПМНЕ предложила погрешен човек за член на ДИК, бидејќи, како што вели, со изборот на Силвана Бонева е прекршен Изборниот законик. Кекеновски изразува чудење и неверување дека пратениците од опозицијата во Собранието на Република Македонија молчат и гласаат и не им текнува да го оспорат предлогот. Изборот на Бонева, […]

Страна 1 од 1