fbpx

Тачи и Бонева пристигнаа во СЈО

-

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, и претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија, поранешната пратеничка Силвана Бонева, денеска во 11 часот пристигнаа во Специјалното јавно обвинителство, каде се повикани да дадат исказ за еден од случаите што ги води СЈО.

Тачи и Бонева не дадоа изјава пред да влезат во просториите на СЈО и не се знае дали тоа ќе го сторат откако ќе бидат сослушани.

Во текот на денот во СЈО се очекува да пристигне лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, кој, според информациите, исто така добил покана од СЈО да даде исказ.

Засега нема официјални информации за кој случај се повикани политичарите, но неофицијално се шпекулира дека станува збор за случаите за изборни нерегуларности и манипулации, што произлегуваат од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...