fbpx

ОЈО поднесе обвинение против Силвана Бонева за исплатени 100.000 евра за лажни патни трошоци

-

За поднесени лажни фискални сметки за платени патарини, за патување од Струмица до Скопје, во износ од 6.458.551 денари или 105.000 евра, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, за продолжено кривично дело – измама во службата (член 355 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 став 3 од Кривичниот законик).

Во соопштението на ОЈО се вели дека станува збор за предметот познат во јавноста како „Друмарина“, за кој истражната постапка ја водеше Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

„Обвинетата во периодот од 01.01.2011 до 16.12.2015 година, како службено лице – пратеник во Собранието на Република Македонија, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, сторила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, притоа искористувајќи ист траен однос и прилики. Имено, таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања заради присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6.458.551 денари“, стои во соопштението на ОЈО.

Во соопштението се додава дека од почетокот на 2011 година обвинетата имала сместување – станови во Скопје и не патувала за присуство на секоја седница на Собранието, на релација од Струмица до Скопје и обратно, а лажните фискални сметки биле обезбедени од други лица кои патувале. Потоа, обвинетата овие фискални сметки ги приложувала кон налозите за службени патувања.

Според официјалниот извештај на СЈО објавен на почетокот на 2019 година, предметот на СЈО, „Друмарина“ е за патните трошоци на поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен член на Државната изборна комисија (ДИК), Силвана Бонева и тој е влезен во истражна постапка.

Инаку, во декември 2017 година СЈО објави дека во 7-те нови истраги на кои работи, е и истрагата за предметот ,,Друмарина“, во која е осомничена поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на службена положба. Според тогашна изјава на обвинителката Фатиме Фетаи, таа поднесувала лажни белешки за да прикаже дека патувала, но било утврдено дека воопшто не патувала на релација Скопје-Струмица, туку претстојувала во Скопје и реално не ги направила пријавените трошоци за кои  зела 100.000 евра буџетски пари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...